Михајло Маневски
Го понижија Собранието на Република Македонија и од него направија пазар за лични интереси. Превртливи лажливци и криминални предавници го искористија највисокиот законодавен дом за избегнување на правдата и да се спасат од кривична одговорност, тие самите или нивни обвинети блиски лица.
Собраниетто на Република Македонија, наместо контролор на власта е претворено во понизен слуга на Владата и на извршната власт. Во ова Собрание букавално поминува се што ќе предложи Владата или што ќе предложат дваица-троица пратеници од ДУИ и СДСМ. Собранието е претворено во гласачка машинерија која работи по правило по скратена постапка, без дискусија и без било каква расправа. На пратениците од парламетарното мнозинство, занемени и оглувени, само прстот може да им настрада од пртискање на зеленото копче. Преставници на Владата излегуваат на говорница и незнаат што зборуваам, го загубиле законот кој треба да бранат. Какви преставници, такви закони. Ова што се случува во Собранието е тотоална деградација и парламентаената демократија.
Дрско наменско изменување и дополнување на Кривичниот законик
На 77-та седница одржана на 28 ноември, без никаква дискусија и без никаква расправа и без учество на опозицијата, Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик, предложени од пратениците Артан Груби, Снежана Калеска-Ванчева, Соња Мираковска, Лидија Тасевска и Весел Мемеди. Овие пратеници – предлагачи на законот, во малото прсте го имаат познавањето на кривичното право и за еден миг предлагаат измени во Кривичниот законик. Човек просто да им завиди на нивната кривично-правна култура и познавње, како правни “експерти”.
Од ненародната предавничка власт на Зоран Заев и на коалицијата на ДУИ и СДСМ можеше сешто да се очекува, ама ваква дрскост и ваков безобразлук како што е донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик не можеше да очекува ниту црниот гавол. Ама еве, има и такви пратеници кои се поцрни и од црниот гавол, без морал, без образ, без чувство на одговорност и без елементарна култура на парламентаризам. Себични ништожници и предавници посегнаа по небулозни средства да си ја спасат кожата и да ја избегнат правдата.
Зошто се врши измена на кривичното дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство од членот 275-в став 3 од Кривичниот законик и зошто се намалува предвидена казна затвор од најмалку 5, на најмалку 4 години затвор.
Оној пратеник-портпарол од СДСМ Костадин Костадинов, син на тазе вработената му мајка во Централниот регистар, објаснува дека тоа било политика на намалување на казните за кривините дела. Ако е така, тогаш зошто не се намалија казните од најмалку 5, на најмалку 4 години затвор на вкупноо 36 кривични дела предвидени во Кривичниот законик за кои е предвидена казна затвор од најмалку 5 години, туку тоа наменски се прави само за кривичното дело од членот 275-в став 3 од Кривичниот законик?.
Подмолна измама со намалување на казната за ова кривично дело
За да биде појасно, ќе се задржиме на елементите на измамата што со ова измена на КЗ му ја протнаа на народот. Во членот 40 Кривичниот законик се содржани основи за ублажување на казната, а во членот 41 се уредени границите на ублажувањето на казната. Според ставот 3 на овој член, ако за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од пет години, казната може да се ублажи до три години. Според ставот 4 на овој член, ако за кривичното дело како најмала мера на казна е пропишан затвор во траење од четири години, казната може да се ублажи до две години затвор.
Што е целта? Целта со нанамалување на минимум пропишаната казна за ова кривични дело да се создаде можност да се изрече поблага казна и да може да се изрече условна осуда. Според членот 50 став 1, условна осуда може да се изрече кога на сторителот му е утврдена казна затвор во траење до две години или парична казна. За казна затвор од три години неможе да се изрече условна осуда. Затоа се менува казната во ставот 3 на ова дело од најмалку 5, на најмалку 4 години затвор.
Втората работа се состои во тоа што се намалува рокот за застарување на гонењето. Според членот 107 став 4, кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат пет години од извршувањето на кривично дело за кое според законот може да се изрече затвор над три години.
Заспана совест на општеството
Во какво време живееме? Живееме во време на ќутолози и сеирџии, заспана МАНУ на чело со превртливиот лажливец Таќи Фити, молчаливи академици, професори, писатели, уметници, невладини организации, здруженија и фондации, културни и научни институции. Ова е време на заспана совест на општеството. Ова е одлична состојба за дивеење на беззаконието и самоволието. Со чесни исклучоци, ова е општа слика, а државата и народот пропаѓаат. Теророт и стравот од монтирани случаи на кривично гонење и притварање на недолжни граѓани ја постигнува целта.
Нема коректор, нема напредок, нема владеење на правото, нема демократија, нема живот во страотни услови на терор, застрашување и селективна правда. Со ќутолози и сеирџии ништо неможе да се подобри.
Скапана смрдлива измама
Ова што се прави со изменувањето и дополнувањето на Кривичниот законик, не е само тивка амнестија, туку скапана смрдлива измама. Наменски се изменува и дополнува Кривичниот законик да се спаси од одговорност предавничката Бети Канчевска – Прада за кривичната постапка за тендерите за кои е обвинета. Таа Бети, ликсузните хотели, ресторани и бутици ги замени со предавство. Нема храброст да се соочи со правдата и мисли дека со предавство на народот и државата ќе се спаси од правдата.Ова бесрамна поранешна министерка за култура не заслужува само презир, затоа што многу е потежок смрдежот на предавството кое ќе го носи додека е жива и ќе го пренесе на идните поколенија. Сега изигрува некаков предводник на групата пратеници – предавници за помирување. “Помирителот” предавник Зекир Рамчиловиќ се стави во функција на спасување на неговиот пријател, чиј предмет никако да излезе од фиоките на Апелавиониот суд. Што се чекало, сосема е очевидно. Тоа е случај и со пратеничката Владанка Авировиќ, која за да си го спаси синот од одговорност, се определи да ја жртвува совеста и да изврши предавство на државата.
Селективната правда и смрдливата амнестија не решаваат ништо. Безобразно се манипулира со народот и правдата за лични интереси. Тоа уште повеќе ја јакне омразата која е израз на револт спрема одлуките и владеењето на власта. Еднаш мора да се стави точка на уцените и притисоците и да му се даде шанса на вледеење на правото, на самоствојно и независно судство и јавно обвинителствово. Се друго е само обична фарса.
Доста е, ако имате срам. Ова што го правите не се осмелувале да направат моќни цареви и диктатори, ама од нив имало и помоќни и посурови. Доста се лаги и измами. Кој ви дал право да го предавате народот и државата со срамно велепредавствство и со наменска шверцерска измена на законите за лични цели.
Ова власт се подреди на фаталните уставни амандмани за рушење на македонската држава и македонскиот народ. Се направија невидени свињарии, само за да гласаат за уставните амнадмани овие ништожници пратеници – предавници. Прдавството никогаш не останало неказнето за никого, па и за овие предавници.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.