Михајло Маневски

Нема Закон без указ потпишан од претседателот на Република Македонија

Објавување во Службен весник на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на конечната Спогодба за решавање на разликата во врска со името со Република Грција без подпис на Указот за прогласување на законите од страна на претседателот на Република Македонија е подмолен смислен акт на велепредавство и акт на насилство врз уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија од страна на Талат Џафери и на директорот на ЈП Службен весник Мартин Костовски.

Од Талат Џафери може сешто да се очекува. Како креатор на дискусија со молчење, сега измисли фуснота во Указ за прогласување на закон. Талат Џафери е прочитана книга на докажан манипулатор, за кого не се важни ниту Уставот, ниту законите. За него е важно само да се реализира Тиранската платформа, да се урниса уставниот поредок на Република Македонија и да се воведе двојазичнорт на целата теритирија на државата.

Македонија е неславен пример како едно национално малцинство тероризира еден цел народ. Велепредавникот Зоран Заев за цело време го лажеше народот дека имаме одличен Устав и се колнеше во предците и децата дека Уставот нема да се менува, но го стори сосем спротивното. Тој грубо ја погази волјата на народот. Спротивно на волјата на народот изразена на Референдум од 8-ми септември 1991 и референдумот од 30-ти септември 2018 година.

Тоа што е објавено во Службен весник не се закони и тие никого не обврзуваат

Законите се прогласуваат со указ, а указот за прогласување на законите според членот 75 од Уставот го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. За прогласување на закон е потребено да се исполни тој кумулативен услов, а тоа е Указот да се подпише од страна на Претседателот на Република Македонија, како прв подписник и претседателот на Собраниетпо. Без тие два подписа на Указот за прогласување на закон, нема указ и нема прогласување на закон.

Ова што се случи, со објавување на закон без подпис на указ од претседателот на Република Македонија е еднинствен пример во светот. Преставува опасебн преседан во указ за прогласување на закон да се наведува фуснота, наместо подпис на претседаетелот на државата. Ова не се случило ниту во најцрните диктарторски режими. Со таа фуснота Талат Џафери се обидува да ја прикрие злоуотребата на положбата со лажно објаснување зошто законот се објавува без подпис од претседателот на РМ, а намерата му е сосема јасна да го загрози уставниот поредок и безбедноста на државата и да објави неуставен закон.

Согласно член 87 од Уставот, претседателот на Република Македонија е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Тргнувајки од ова Уставна одредба, претседателот не го подпиша Указот на прогласување на Законот за употреба на јазиците и даде конкретни писмени забелешки за повреда на уставните одредби со тој закон за 19 од вкупно 25 одредби од Законот и ги достави до Собранието.

По доставенте писмени забелешки на Законот од страна на претседателот на РМ, Талат Џафери не презеде никакви дејствија, со што стори груба повреда на Деловникот за работа на Собранието. Според членот 173 став 2 од Деловникот, ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот. По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.

Талат Џафери смислено не го стави Законот за употреба на јазиците на повторно разгледување, а беше должен тоа да го стори. На тој начин грубо ја повреди ова деловничка обврска и го тотално ги игнорира писмени забелешки на претседателот на РМ, кој се доставени врз основа на неговите уставни овластувања. Талат Џафери не направи ништо во врска со забелешките на претседателот? Без повторно да се разгледа Законот, Талат Џафери едноставно повредувајки и деловничките одредби, Законот го стави на гласање. На овој начин Талат Џафери не само што грубо го повреди Деловникот, туку целосно ги иднорира забелешките на претседателот на РМ за неуставноста на 19 одредби од Законот и на тој начин грубо го изманипулира Собранието.

Како може во ваква состојба да се очекува претседателот на РМ да подпише указ за прогласување на неуставен закон без да се разглдаат неговите забелешки. Ова е опасен противуставен преседан да се заобиколи претеседателот на РМ, кој има право и должност да се грижи за уставноста и законитоста. Уставот на претседателот на РМ му дал суспензивно право да го врати законот на Собранието со конкретни писмени забелешки зошто не го подпишува указот за прогласување на законот и зошто го враќа законот.

Законот за употреба на јазиците е целосно спротивен на Уставот на Република Македонија. За цело време овој Закон се турка насилно. Амандманите (83) поднесени од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваа на укинување на одредбите за двојазичност на целата теритиорија на државата и со кој се бараше бришење на сите одредби на овој Закон што спротивни на Уставот на РМ, дури и одредби од двотретински закони, воопшто не беа разгледани ниту на Комисијата за еврпопски прашања, која и не е надлена за ваков закон со лажно европско знаменце, а Артан Груби и Талат Џафери, како во Комсијата, така и на пленарна седница на Собранието тотално ги блокираа амандманите и нуту еден амандман не беше разгледан. Ова ли е парламентарна деморатија?

Уставниот суд на Република Македонија и Јавниот обвинител на Република Македонија се должни да ги извршат своите уставни и законски надлежности

Уставниот суд на Република Македонија е должен да поведе постапка за оценка на уставноста на Указот за прогласување на законот и на Законот за употреба на јазиците и да определи времена мерка да се спречи примената на законот до одлуката на Уставниот суд, како и да поведе постапка за оценка на уставноста на Указот за прогласување и на Законот за ратификација на конечната Спогодба за решавање на разликата во врска со името со Република Грција.

Законот за употреба на јазиците е неуставен, неразбирлив и неприменлив. Зоран Заев со цел по секоја цена да ја задржи власта, ја држи во заложништво државата и судбината на македонскиот народ. Примената на овој закон ќе доведе до блокада и распад на правниот систем. Со овој целосно неуставен закон, тотално ќе се блокира работата на сите државни органи, на сите институции и на сите нивоа. Ќе се блокира работата на управните, судските и други правосудни органи. Се генерира еден тотално неефикасен систем кој ќе ја сруши државата на колена да не може да функционира и самата да се распадне. Тоа ли е цената што треба да се плати за да Зоран Заев по секоја цена остане на власт? Толку ли му е вредна власта да ја жртвува и државата и народот? Токму поради тоа Уставниот суд е должен да донесе времена мерка за спречување на примена на законот.

Уставниот суд како чувар на уставноста и законитоста е должен по спроведената постапка да го примени Уставот и да донесе Одлука со која Указот за прогласување и Законот за употреба на јазиците да ГИ УКИНЕ. Уставниот суд е должен да ги УКИНЕ и Указот за прогласување и Законот за ратификација на конечната Спогодба за решавање на разликата во врска со името со Република Грција, кои се спротивни на Уставот и на изразената волја на народот на референдумот од 8-ми септември 1991 и неуспешниот референдум од 30 септември 2018 година.

Јавниот обвинител на Република Македонија е должен да поведе кривична постапка за саботажа и акт на насилство врз уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија против Талат Џафери и против директорот на ЈП Службен весник Мартин Костовски за злоупотреба и пречекоривање на службените овластувања.

Владеење на правото несмее да биде само парола. Враќање на разнишаната доверба во владеење на правото се постигнува само со примена на конкретни законски мерки на одговорност. Да се надеваме дека одлуките на Уставниот суд и на Јавниот обвинител во конкретниот случај конечно ќе значат пресвртница во враќање на разнишаната доверба.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.