Читајќи ги информациите на Министерството за финансии и од страна на заменик министерот за финансии Гордана Д. Кочоска се доаѓа до запрепастувачки финансиски податоци за работењето на многу општини во Република Македонија.
Податокот дека се трошат огромни финансиски средства за вработување на непродуктивни партиски кадри во општините, создава огромен револт кај граѓаните бидејќи токму тие, од својот џеб и од зголемените даноци ги полнат општинските буџети.
Ветувањето дека зголемените даноци и поригорозните финансиски мерки кон физичките и правните лица во општините ќе ги оправдаат со поквалитетна и поефикасна работа, повеќе проекти и поголема транспарентност, не само што се утврди дека е уште една голема заблуда, туку се доби сосема обратен ефект.
Така, општините станаа инертна администрација без никаква ефикасност. На тоа укажува и нискиот процент на реализирани капитални инвестиции во текот на годината, како и понатамошното преголемо задолжување на општините на грбот на граѓаните. А префрлањето на огромни финансиски средства (повторно собрани од граѓаните) од централниот буџет на локално ниво, за подмирување на енормните долгови што ги имаат одредени општини, не ги реши застојаните проблеми.
Ова е навистина крајно недомаќинско однесување со парите на граѓаните и од страна на општините, и од страна на централната власт.
Наместо да се овозможи парите од буџетите правилно да се насочат за реализација на капитални инвестиции и економски и локален развој кој ќе продуцира повисок стандард и нови работни места, тие се сконцентрирани на недомаќинско расфрлање со средствата од граѓаните и вдомување на несоодветни партиски кадри во општините и јавните институции.
Од табелата која ја приложи Министерството за финансии може да се види зголемувањето на масата на финансиски средства за привремени вработувања по општините, што е јасен показател за расипничкиот однос на локалните власти, додека резултатите заостануваат во секој поглед.
Тоа народот го гледа и сигурно ќе го казни!
Најдрастичен пример каде што енрмно е зголемена исплатата за привремени вработувања се: Град Скопје, општина Карпош, општина Бутел, Ѓорче Петров, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Прилеп, Охрид, Струмица…
После ова неминовно се поставуваат неколку важни прашања:
-дали овие кадри се стручни и потребни и дали истите ја зголемија ефикасноста на општините?
-дали овие кадри се издвојувани од партиските списоци на СДС и колку непотизам има во овие вдомувања на кадри по општините?
-дали при јавните огласи за вработувања повторно предност имаат овие кадри или шанса може да добие и обичниот граѓанин?
-дали со парите за овие непродуктивни кадри можеше да се реализира некој добар проект од општ интерес на граѓаните?
-дали е оправдано трошењето на вакви средства за привремени вработувања и покрај тоа што СДС тври дека има превработеност во локалните самоуправи?
-дали треба да очекуваме други зголемувања на локални даноци и такси за да можат да се платат и зголемат овие и идните партиски вработувања?
-како во Европа со ваква неефикасна партиска и нестручна администрација?
Народот ги знае оговорите на сите овие прашања, исто како што знае дека за да се прекине ова лудило – следува казна на 12ти Април!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.