Ламбе Арнаудов

Македонецу, ти си овдешен, си бил овде и пред да се појават Заев, Шекеринска, Димитров, Катица, Вилма, Кацарска, Крсто, Бети, Нино… ќе останеш тука и после нивното заминување, затоа што си тукашен и затоа што си честит.

Точно е честити луѓе сами патуваат по опасни и несигурни патишта, но исто така вистина е дека честити луѓе заедно прават честит народ, а честит народ со високо крената глава гордо и незапирливо патува сигурно кон својата цел покажувајќи неверојатна истрајност во одбрана на својата татковина. На тој пат не ти се потребни ни воз, ни авион, ни брод,ни автомобил, единствено превозно средство што треба да го користиш е твојата храброст. За храбрите, да, многу често, но за храброста досега никој сеуште не ископал гроб.

9-ти јануари 1991 година на првата редовна седница, веднаш после конститутивната, на новиот плуралистички парламент на Р. Македонија, во името на ВМРО-ДПМНЕ поднесов на усвојување ДЕКЛАРАЦИЈА НА СУВЕРЕНА, САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. За миг настана молк, неверување и шок во салата . Веднаш потоа само што се соземаа пројугословенските сили во парламентот кршејќи ги сите демократски и деловнички правила на секој начин се обидуваа предлогот да не го стават на дневен ред. Расправијата траеше до пет часот наутро и кога видоа дека го имаме потребното мнозинство за изгласување на декларацијата се приклучија со итрина и предложија заеднички да го доградиме текстот и содржината на декларацијата. Нејсе, како било за неколку дена ја изгласавме декларацијата, чинам акламативно, со што се создадоа услови за проток на незапирливите процеси кон осамостојување на Република Македонија.

Овој документ послужи како аксцелератор за донесување на низа закони кои беа обележја на независноста. Финансиско осамостојување, замена на сите придавки од југословенски со македонски, создавање на македонска полиција, македонска армија, следуваа меѓународни признанија на Република Македонија како државен субјект за на крај на 8-ми септември биде спроведен референдум во кој огромното мнозинство на граѓаните се изјаснија за сопствена држава со што ја осигуравме тапијата на Македонија во рацете на народот. Само три месеци потоа на 17-ти ноември беше изгласан и Уставот на Република Македонија кој ја заокружи државноста, законитоста и Уставниот поредок на самостојна Македонија.

9-ти јануари 2019 година. Ден означен како почеток за исчезнување на македонската држава, народ, идентитет, јазик, култура, историја и се она за кое се боревме и го негувавме овие триесеттина години. 9-ти јануар православните христијани го празнуваат како празник на споменот на св. Стефан, првиот рамноапостол и великомаченик кој страдал за Христа со каменување, врз кој првите камења ги фрлиле неговите родители. На овој ден Македонија ќе биде каменувана сега не од своите родители, туку од сопствените неблагодарни синови и ќерки. И овие каменувачи ќе завршат како што завршија каменувачите на св. Стефан презрени и фрлени на буниште од секого, а Македонија и понатака ќе го сочува со илјади години ореолот што го носи.

Каменувачите на кои Македонија им служи за грабежи и богатење ќе бидат силно поразени од честитиот народ кој

Македонија ја гледа како место за одгледување на своите деца.

Македонија денес се наоѓа на најниската скала од нејзиното историско постоење. Деструктивноста на каменувачите во уништување на Македонија патува со брзината на звукот и се мери со махови.

Вешто исползувајќи и обратно третирајќи ја големата мисла на Махатма Ганди дека сиромаштијата е најтежок облик на владеење го принудија сопствениот народ да не мисли на ништо друго освен на својот биолошки опстанок. Погледајте на кое рамниште е демократијата во Република Македонија, слободата на печатот и говорот, човековите права заедно со демократијата како да се наоѓаат во гасните комори на Дахау, а опстанокот на државата и народот веќе се наоѓаат пред портите на Аушвиц каде што сакаат да ги задушат засекогаш. Судството заради кое најлесно може да пропадне држава почива на незнаењето и коруптивноста на три самоповикани наречници од обвинителството плус две вештерки од Јавно обвинителство и судство. Тие, кои никогаш ништо не значеле ни во очите на другите, ни во сопствените очи ја зграпчија приликата да газат по честа на граѓаните и да се поигруваат со судбината на цели семејства постапувајчи крајно селективно и злоупотребувајќи ја својата службена положба по член 353 од кривичниот законик, судејќи им на личности и пресудија на Република Македонија.

Во ова време во Македонија од нејзината богата трпеза се насладуваат само мала група на членови на СДСМ и кучињата скитници низ парковите и улиците ширум македонските градови. И едните и другите кинат месо и ги глодат голите коски на својте сограѓани.

Го направија најголемото злосторство кон својот народ станувајќи слуги на фашистички рецидиви од држави кои токму против нашиот народ во најбрутален облик го применуваа во времето на фашистичкото беснеење во Втората светска војна. И кога сите се радуваа на 9-ти мај 1945 година за победата над фашизмот, за нас македонците продолжи фашистичкиот терор со Граѓанската војна во Грција, со егзодусот на македонците низ источно-европските држави каде се разделуваа деца од родители, братчиња од сестрички, за на крај користејќи ја услугата на овдешните автофашисти да се пренесе на наше тло, за финален крај епилог најмалку посакуван кој ќе значи крај за Македонија.

Одговорот ќе биде соодветен. Конструктивниот македонски народ мирно и донстоинствено, но решително без застанување на деструкцијата на непријателот ќе одговори со брзина на светлината. Затоа ги повикувам честитите луѓе сите заедно да се здружиме и позитивно да одговориме на апелот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски на раководството и коалицијата што ја предводи ВМРО да му кажеме НЕ, НЕМА ДА ВИ УСПЕЕ. Нема да ви успее од една единствена причина, затоа што борбата за Македонија не е трка на сто метри како што мисли Заев, туку е маратонска трка која бара истрајност, издржливост која македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ ја поседува и жестоко ја демонстрира последниве 127 годинимкога таа ќе биде загрозена.

Вие сте првите од новата сорта која сега треба да се покаже, Вие сте тие кои треба да им кажете дека оваа катиљ власт ќе биде победена и да не се разочарувате токму сега кога сме пред постигнување на целта. Човекот во својот живот два пати се среќава со сопственото достоинство. Прв пат го добива од Господ со своето рождество. Втор пат сам го обновува своето достоинство кога ќе биде исправен пред некој предизвик. Има ли поголем предизвик и искушение да бидеш исправен и достоинствен кога треба да се одбрани татковината, народот и семејството. Побргу човек ќе ја сопре плимата од колку да ја запре вашата праведна борба. Борба на која и самиот Господ се радува.

Придружете се на ВМРО-ДПМНЕ тој е оџачар кој ги прочистува зачепените патишта кон патриотизмот и лојалноста кон својата држава и народ. ВМРО-ДПМНЕ е партија која кога е во прашање опстанокот на својот народ и татковината ќе прифати секаков обик на борба наметната од домашниот или надворешен непријател, храбро ќе се спротистави и ќе извојува победа. Вмро е тој што не учел и воспитувал да раснеме сами и да ги надраснеме сите поставени препреки без оглед колку тие и да се високи. ВМРО е ренесанса на нападнатиот дух од инквизицијата на ненародните елементи. е истовремено и еликсир кој вечно го чува свеж и малд духот и телото на секој граѓанин на Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ што ја сака својата татковина.

На крај ВМРО низ историјата и сегашна персонификација во ВМРО-ДПМНЕ од своето постоење до денес ниту некогаш се посомневал во својата сила и моќ, ниту од некого се уплашил или заборавил на љубовта кон својот народ и својата татковина. Затоа ВМРО е единствен и непобедлив.

Удрете Македонци со сета народна сила, здробете ги непријателите и предавниците на нашата татковина, мирно и достоинствено без насилство затоа шти ти не си шарен. Шарени се оние кои скврнавеа и разурнуваа, бојадисуваа, тепаа полиција за потоа мирно да седнат во фотелјите на нападнатите институции да управуваат, да слугуваат на своите ментори и да се богатат на сметка на осиромашениот и обесчестен народ. Ти не си тој, ти си обоен еднаш и засекогаш само со црвената боја која ја симболизира крвта која се леела во потоци низ црната македонската земја, за тебе и за твоите блиски и затоа неизмерно ја почитуваш. И црната боја за вечно да те потсетува и да не заборавиш дека црната судбина на македонскиот народ како што гледаш деновиве секогаш може да те стигне. Кажи му доста е, запрете, вака повеќе не оди.

Црнилата која не зароби бргу ќе биде расчистена. Премногу свеќи сеуште горат на паднати и живи, јунаци и родољуби и фрлаат вечна светлина на нашата среќна иднина која народот никако нема да ја испушти од своите раце. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се едни од најголемите свеќи-ламбади кои силно светат и ја растеруваат црнилата. Народот тоа го гледа и затоа неизмрно му верува.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.