Михајло Маневски
Брендирана и насмеана, деновиве ја гледаме Катица Јанева како триумфално пристигнува на судење во Кривичниот суд обвинета за случајот РЕКЕТ за пљачка на повеќе 20 милиони евра од рекетирани голем број бизнисмени. Веќе не е она Катица Јанева кога ја носеа од затворот во домашен притвор, целата маскирана како вампир. Сега се смее и чекори гордо. Каква камелеонска транформација?
Нека ја погледаат малку подобро судиите од Апелациониот суд Скопје кои одлучија да ја пуштат во домашен притвор поради измислени и непостоечки околности дека е “самохрана мајка” на синот директор и мажената и вдомената ќерка, со “нерушено здравје”, а со сила да повлече тенк од 30 тона!
Тие судии го згазија законот и донесоа незаконита одлука. Се мајтапат со народот и го прават недоветен? Имаат ли тронка совест? Да ја заштитат Катица Јанева? Не, туку да се заштитат врвови на власта кои од дното на душата се плашат Катица да не пропее и да не ги предаде. Ќе погледне ли Судскиот совет со какви судии има работа. Ќе погледне ли и јавниот обвинител што се крие зад ова одлука и ќе одговори ли што стана со најавата чии “гаќи треба да се истресат”. Како стојат работите, ќе се истресат само ѓаќите на народот, на овој гол народ од окулу 400 илјади граѓани кои не можат да обезбедат барем еден оброк дневно.
Без одоворност на овие судии, сите заложби за вледеење на правото и за законито и одговрно вршење на судската функција, се само обична фарса. Кршењето на законот при одлучувањето не навлегува во доменот на слободното судиско уверување, затоа што овие судии одлучиле врз основа на непостоечки околности и за тоа биле свесни.
Ова Влада е симбол на корупција и организиран криминал, симбол на владеење со терор, хаос и политики прогон. Веќе стана правило секогаш кога СДСМ ги врши функциите на власта, се вршат огромни криминални афери, почнувајки од ТАТ, БАЧИЛО и сега РЕКЕТ и уште многу рекети и многу криминални афери. СДСМ и коалицијата во вршењето на функциите на власта не можат да виреат без криминал и корупција.
Расцветана корупција и организиран криминал
Катица Јавена е слика и прилика на државата со која владеат ЗОРАН ЗАЕВ и АЛИ АХМЕТИ. Каква “специјална обвинителка” рекетарка и криминалка, таква држава. Наместо пупката на демократијата на Зоран Заев, во Македонија насекаде цвета корупцијата. Каде и да се свртиш, опкружен си со корупција, каде и да се фатиш, наидуваш на корупција. Живееш со корупција, страдаш од корупција и умираш со корупција. Каква грозна судбина?
Незнам дали постоти некоја друга покорумпирана држава во светот. Ако некои островски земји се познати како рај за of shorr компаниите и перењето пари, Македонија е позната по галопирачката корупција која непречено се развива и станува начин на живеење.
Врвот на корупцијата и беззаконието од голем калибар се политичката и финансиска корупција, како што се монтирани случаи на кривичен прогон од политички побуди, перењето пари, рекетот, изнудите, уцените, поткупот, јавните набавки, затајување и неплаќање на данок, мафијашко градежништво и многу други тешки девијантни појави длабоко втемелени со директно извршување од функционери на власта и особено од изврашната, судската и разузданата локална власт.
Појавата на толку тежок рекет организиран криминал, со кој е зафатена цела Македонија досега непознат на овие простори, државата ја стави на столбот на срамот во европски и светски рамки. Тоа го потврдува фактот за распад на превентивниот и репресивниот механизам за спречување, одкривање и гонење на корупцијата и тешкиот организиран криминал, кој го подрива политичкиот и економскиот систем во државата и ја урнисува демократијата.
Селективниот политички прогон само на функционери на предходната политичка гарнитура се претвори во начин на владење со сила и тортура. Длабоко е вкоренета криминална солидарност. СДСМ и ДУИ кои ја поделија власта, го делат и криминалниот колач. Никој од владејачката гарнитура не одговарал за ништо, што и да сторил.
Ниту еден функционер од власта за 3 години не одговарал за било какво корупциско кривично дело. Тоа е невиден фемномен на власта, на ова “безгрешна” власт потоната во криминал и корупција.
Во функција на политички прогон се ставени јавниот обвинител и судството. Наместо принципот на легалитет во гонењето од страна на јавнит обвинител, владее припципот на опортунитет и неказнивост на функционери и раководни службени лица на власта. Функционерите од власта на централно и локално ниво се целосно амнестирани од одговорност, што и да сторат.
Одлично функционира системот на прикривање на криминалот и принципот на забошотување и етикетирање. Да се поднесе кривичната пријава од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска против непознат сторител за дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 17 милиони евра, а под притисок потоа да се извинува, е тежок криминален чин. Поради тоа, ништо не е чудно што веќе никој и не помислува да поднесе кривична пријава за криминални дела и за најниското чиновниче од партиите на власт.
Сите опљчкани пари мора да се вратат во буџетот
Нема никаква фајда од тоа само се констатира кој и колку опљачкал, без да се направи минимум напор да се вратаат парите на државата и да се преземат мерки на одговорност. Никој нема право да стекнува имотна корист со извршено кривично дело.
Срамно е само да се наведува колку народните пари се опљачкани. Цели четири години ниту мува неможеше да привири во финансиските средства на СЈО, а камо ли некој финансиски орган да изврши контрола на финансиското работење. Ете, до каде не доведе сето тоа. Беше најголема навреда да се побара отчет на финансиското работење на СЈО, па дури и Собранието не беше удостоено со одговор за трошењето на средствата, иако тоа го бараше!!!.
Од државата краде кој ќе стигне. Од благајната на СЈО грабале пари највисоки политички и полициски функционери и цело семејство на обвинителката. Грабале бонуси за “доверливост” сите обвинители од 80 до 110 илјади евра, без мерка и без усул, по “наоѓање” на рекетерката Јанева, која и самата си доделила над 157 илјади евра!? По овој основ опљачкани се над 1 милион евра.
Грабале огромни средства голем број членови на семејството на Катица Јанева и нејзини пријатели, претежно од Ѓевѓелија, кои од СЈО извлекле над 250 илјади евра, од кои дури 59 илјади евра само еден полициски инспектор.
Грабале огромни средства синови и ќерки на голем број функционери на државната и судската власт, високи полициски службеници, директор на финансиска полиција, на кои се исплатени над 300 илјади евра.
И што сега, никому ништо, било што било, само парите да си ги задржат. Тоа не смее да се случи. Поради тоа, Државниот правобранител, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи, Државната комисија за спречување на кориупцијата и Јавниот обвинител се должни да ги извршат законските обврски да се одземат незаконито прибавените средства. Сите пари мора да се вратат назад, таму каде што припаѓаат во народната каса.
Новоизбраниот директор на Државниот завод за ревизија Максим Ацевски, непосредно по неговоиот избор, непромислено даде една изјава дека немало потреба да се врши ревизија во СЈО затоа што немало на кого да бидат упатени препораките, бидејки веќе не постоело!? Тоа е голема грешка, затоа што Државниот завод за ревизија е чувар на законитоста на користењето на државните пари. Препораките ќе ги упати до граѓаните, а впрочем СЈО по закон постои до 15 септември 2020 година. Никој не го поништил или укинал законот. Дали е тоа негова опструкција или неразбирање за работа која мора веднаш да ја изврши.
Дражавниот правобранител е должен да поднесе тужби и да бара парите да се вратат на државата. ДКСК мора да преземе мерки за страотниот судир на интереси при приемот на внуци, ќерќи, синови, сестри, снаи и кој ли уште не се скраси во тоа обвинителство. УЈП е должна да покрене постапка поради прикривање на приходите од јавните обвинители што ги примале по сите основи и да ја утврди нивната имотна состојба.
Сите пари одземени со рекет и уцени на бизнисмените заплашени со кривичен прогон и со незаконито снимени телефонски разговори мора да се вратат на фирмите и на рекетираните бизнисмени.
Јавниот обвинител, во кој случај, ако не во случајот РЕКЕТ ќе предложи проширена конфисткација, која опфаќа одземање на целокупниот имот на обвинетите.
До кога ќе го лажете народот?
Народот го лажат тие што треба да ја откријат вистината за целиот случај РЕКЕТ. Ја немало ташната Луј Витон полна со пари! Не можеле да ја најдат, нуту полицијата, ниту обвинителот, ниту УЈП, финансиската полиција…! А да се обрателе до Интерпол? Како таа ташна да пропадна во земја? Ташната со пари мора да се најде кај тие што ги опљачкаа парите.
Арно ама, кога ќе се присетам на она гламурозна годишнина на 1ТВ во зградата на Македонската филхармонија, со послани црвени теписони, со фанфари и факели, со кордони и одбрано друштво, се плашам дека случајот РЕКЕТ и натаму ќе се дозира со бебешко лажиче. Ќе се цепка. ќе се витка и ќе се крши, само да не се одкрие целиот случај и да се прикрие вистината.
Тој што му стави круна на главата на Боки 13, не може да му ја симне. Мнозина властодржци трчаа и се тепаа да седнат во една рекетарска телевизија, на која тој не ни беше сопственик. Удираа ислужени уредници и измислија некаков инсајдер, а кога пукна тиквата избегаа како стаорци. Колку и како беа платени останува тајна, но ќе се одкрие.
На еден рекетар многу важни личности од политичкиот естаблишшмент му се клањаа и стоеја мирно пред него. Трчаа да се сликаат, како некаков огромен престиж и тоа веднаш јавно да го објават? Како не се срамат од тоа морално слепило.
Што гледаше полицијата, финансиската полиција, Управата за јавни приходи, што гледаа тие што одеа кај него дома да седенки и вечеринки? Се запрашаа ли од каде еден невработен со блокирана трансакциона сметка се расфрла со огромни пари како да е некаков шеик?. Дури во 71 вреќа при претресот се одземени огромен број парчиња брендирана и скапа облека, обувки, одела, капути, мантили, часовници, накит и што ли уште не? Зошто не реагираа на време, да се запрашаат од каде толку пари на овој невработен, накитен, монден и екстравагантен човек? Тоа им беше службена дожност, која не ја извршија. Не е ни чудо што сега бегаат од него како од ѓавол.
Боки 13 е илустрација на општеството во кое живееме. До каде не одведе матната, видовме? На централното место на годишнината на 1ТВ, Боки 13 беше веднаш до министерот за внатрешни работи како највисок преставник на власта, а до него министерката за правда, која се отепа клањајки му се како на англиска кралица. И сега, некој нека не се чуди од каде толкава сила на овој рекетар кој обезбедил така високо друштво на подршка и заштита. Тој не сакал ниту да разговара за реклама која не надминува износ од најмалку 100 илјади евра. Присилната реклама со закани за отварање на случаи од СЈО, не е реклама, туку рекет. Од труло, потруло, смрдеш невиден.
Стеблото на корупцијата се највисоките врвови на власта на политиката на Зоран Заев и Али Ахмети. Ако од една гранка од стеблото одкинете нелокку цвета, ќе остане гранката, а ако ја пресечете гранката, ќе остане стеблото. Што да се прави? Тоа значи дека треба да се земе копач и да се ископачи стеблото. Кој може тоа да го стори? Кој може да го ископачи стеблото?
Копачот за искоренување на стеблото на корупцијата не може да го земе ниту ЗОРАН ЗАЕВ, ниту АЛИ АХМЕТИ. Тие тоа не можат да го сторат, затоа што СДСМ и ДУИ се креаторите на ова зло во Македонија и тие со своето криминално владеење ја расцветаа корупцијата и рекетот. Тие не одкинаа ниту еден цвет од стеблото на корупцијата. Ова состојба им одговараше на двајцата во сверата на поделени интереси.
Народот на Македонија на 12 април 2020 година ќе ја земе судбината во свои раце и нема да дозволи да живее во криминално ропство. Народот со својот глас на изборите ќе ја урниса ова ненародна криминална власт и ќе се ослободи од стегите на беззаконието и корупцијата. Народот е посилен од сите и народот ќе победи.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.