Михајло Маневски
Оди си Вилма…Оди си… Не си подобна и не си достојна за вршење на обвинителска функција
Оди си Вилма Русковска, не си достојна да вршиш обвинителска функција. Како учесник на шарената револуција се претвори најголем политички полтрон на власта. Ја злоупотребуваш обвинителската функција, која не ја заслужуваш. Оди си, не се бербати и на ја срами професијата. Покажа и докажа дека си беден политички слуга на власта и работиш по нејзин диктат. Оди си, ако имаш трунка совест и чувство на одговорност.
Ти Вилма и твојот предпоставен јавен обвинител Љубомир Јовевски, го носите најголемиот товар на одговорност за фрапантна злоупотреба на функцијата на гонењето и селективниот политички прогон. Тешко го повредувате основниот принцип на легалитет. Ја сотревте обвинителската функција и го допревте дното на волунтаризам и понизност. До крај го уништивте и така разнишаниот углед на најзначајната функција во државата за заштита на човековите права и заштита на државата и граѓаните.
Имате огромен придонес за претварање на Македонија во рекет држава, држава рај за корупцијата, перење пари, даночни измами, јавни набавки… Држава во која царува дрогата, во која се создаде марихуана имрперија на кланот ЗАЕВИ, држава во која парите на граѓаните се расфрлаат за политички цели и за подкуп на избирачи, држава во која царува прислушувањето, држава во која секој ден пукаат “бомби”, држава со ниско ниво на лична и професионална сигурност.
Можеби ке се рече тешки зборови? Да, тешки и претешки, ама вистинити. Со непреземање на никави мерки за спречување и гонење галопирачкиот криминал на носителите на врвни јавни функции на власта на СДСМ и ДУИ, веќе цели 3 години, се охрабрија и се намножија тешки криминалци, кои го опустошија владеењето на правото и ги охрабрија криминалците да го пљачкаат народот. Се разбашкарија како арабмаши,
Недовербата во правниот систем се разгоре и веќе пламти до вселенски височини. Кој ќе се бори против криминалот на власта, која самата тоа го прави и е крајно криминализирана? На ваква криминализирана власт институциите и служат само како параван за задоволување на личните интереси, а не за заштита на општеството и граѓаните. Затоа на ова власт и требаат такви обвинители како Русковска и Јовевски, да ги повелаат и да ги штитат нивните интереси.
Вилма Русковска и Љубомир Јовевски слуги на Зоран Заев
Вилма Русковска и Љубомир Јовевски не се избрани на фунцијата во јавното обвинителство да му служат на Зоран Заев и да го исчистат од казнено гонење за сите криминални случаи за тешки кривични дела со грубо кршење на законот.
Во случајот ПОДКУП, обвинителот во звршниот збор изврши преквалифијкација на делото и го обвини Зоран Заев дека како градоначалник на Струмица се “обидeл да земе поткуп” од 160 илјади евра (1 евро за Вицето и 1 евро за Црквата). Тоа значи дека обвинетиот Зоран Заев сторил кривично дело во обид, но со преквалификација на делото од страна на јавниот обвинител целта беше да се елимнираат доказите прибавени со посебни истражни мерки. Се разбира, го ослободи од обвинение судијата на власта Весна Димишкова. Апелациониот суд ја одби формалната жалба на обвинителството за организиран криминал и ја потврдил ослободителната пресуда. Толку од правдата.
Вилма Русковска и Љубомир Јовевски не се избрани да штитат од казнено гонење очигледни случаи на сторени кривични дела на носителите на функциите на власта од СДСМ и ДУИ. Не се избрани да го вперат прстот само против функционери на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за конструирани политички случаи на гонење, со цел да се елиминира политичкиот противник. Тие не се избрани да вршат селективен прогон, туку да го штитат и да ги гонат, а да не да ги штитат криминалците на власта.
Вилма Русковска со невидена жестина, до степен на омраза, се нафрли за прогон и притварање на дури 33 “терористи” за конструирано политичко гонење за терористичко загрозување на уставниот поредок? Се запраша ли таа, како тоа наменски се определува притвор и наменски се пуштаат од притвор терористи и бедни предавници на самиот ден на гласањето за промена на Уставот? Се запраша ли, провери ли Вилма, како тоа овие дотогашни терористи, под закана, уцена и подкуп, наеднаш станаа самосвесни, некои од домашен притвор доведени низ подрумските ходници на Собранието во доцните вечерни часови да гласаат за поромена на Уставот? Беше должна тоа да го провериш, ама не мрдна ниту со малото прсте. Што чекаше, да поднесе кривична пријава Зоран Заев или Оливер Спасовски? Тоа што ти не го стори, ќе го стори друг јавен обвинител и тоа нема да остане неодкриено и неказнето. Овие предавници на македонскиот народ ќе одговараат за на разни начини платено предавство.
Злостор е Вилма, за конструирано политичко кривично дело16 лица да се осудат на 211 години робија, чесни луѓе и патриоти, докажани во својата работа и професиаја. Ова Вилма не се заборава.
Зошто двојни аршини во постапката на гонење и постапување?
Дали се запрашаа Вилма Русковска и Љубомир Јовевски зошто толкави двојни аршини во постапувањето и гонењето? Зошто Вилма Русковска само за одредени случаи покажува исклучителен интерес, додека за други, скоро не покажува никаков интерес и сеедно и е колку ќе трае постапката и како ќе се завршат. Да не бидат само празни зборови, ќе наведам неколку примери:
1. Случај ТЕНДЕРИ
Во случајот Тендери е обвинета предавничката Елизабета Канчевска Милевска? До каде е постапката, што се чека, зошто не се суди?. Зошто не се постапува со исти аршин, како во случајот терористи, во кој случај притворените обвинети, спротивно на сите законски одредби, беа држени со денови и месеци и по 13 часа дневно во судница, нередко и без вода и без храна на некои притворени лица?
2. Случај МАЃАР ТЕЛЕКОМ.
За случајот Магар Телеком е поднесено обвинение пред скоро 10 години. До каде е постапката? Колку децении треба да поминат, па да се пресуди овој случај или се чека да застари. Се насрочува формално, само како алиби, два до три пати годишно, колку да се каже дека се суди. Не можеле да ги пронајдат обвинетите? Кого сакаат да прават недоветен?
Окружен суд во САД донесе пресуда и утврди дека 4,5 милиони евра се исплатени на високи функционери во Македонија за да се задржи монополот на Маѓар Телеком. Тие лица се знаат, но зошто се штитат? За претседателот на кривичен суд Иван Џолев ова не е приоритетен случај, па тој може и да застари. Дали тоа не се чека?
3. Случај МОНСТРУМ
Поминаа 9 години од грозоморниот масакар на четири зверски убиени млади момчиња на Смилковското езеро и еден 40 годишен рибар на Велики четврток, на два дена пред Велигден.
Што стана со случајот? За жал на родителите на убиените и за срам на државата, ништо. Случајот тапка во место. Веќе 3 години нема никаква динамика на судење, одкако во 2017 година се укина првостепената пресуда.
Вршителот на должноста Јавен обвинител на Македонија во тоа време Лилјана Спасова се изјаснила за укинување на пресудадата и обвинетите да се пуштат од притвор. За таа обвинителка “квалификаторка” постоеле “индиции” кои можеле да доведат до друга правна состојба. Нејзе важно и беше да си ја намести ќерката во Академијата за судии и обвинители, како и половина други синови и ќерки на претседатели на судови, Судски совет, јавни обвинители….
Лажоманот Зоран Заев ги мамеше родителите на настраданите деца со некакви нови снимки и докази за случајот, но сето тоа било само гнасна лага на овој ноторен лажливец пред изборите од 2016 година. Сега крајно е спласнат интересот за решавање на случајот и крајно е неизвесна судбината на случајот.
Веќе 9 години не се врши екстрадиција од Косово во Македонија на првообвинетиот Алил Демири и второобвинетиот Африм Исмаиловиќ, македонските државјани, кои побегнаа на Косово. Нема никакви мерки и напори на Министерката за правда Рената Дескоска за реализирање на екстрадицијата на обвинетите, согласно Договор за екстрадиција склучен помеѓу Република Македонија и Република Косово, подпшан од подписникот на овие редови во 2010 година, како тогашен министер за правда. Нема никави напори ниту на министерот за надворешни работи Никола Димитров за реализирање на екстрадицијата. Што направи тој досега? Ништо. За разлика од такво постапување, министерката Рената Десковска, неодамна по итна постапка екстрадира косовски државјанин кој беше уапсен по потерница во Македонија. Значи ли тоа дека одредбите од Договорот имаат само еднострана примена?
Случајот ПАЦИЕНТ во кој беше под истрага БУЈАР ОСМАНИ и уште дестина други лица за кривични дела Злоупотреба на службената положба заврши со запирање на истрагата на 21 април годинава. Никој во случајот не беше притворен или под било какви мерки на обезбедување. Јавниот обвинител не утврдил дека кај осомничениот “немало свест за делото, ниту волја за негово извршување”. Немал свест ниту воља за тендерите за јавните набавки за повеќе здравствени установи!
За разлика од такво постапување, во случајот ШПАНСКИ СКАЛИ повеќе лица беа во притвор и во куќен приtвор. Постои ли во случајот “свест за делото и волја за негово извршување”, па и кај, по стоти пат обвинетиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, кој континуирано со години е во судниците и во притвор, како најголем криминалец на Европа. До кога со двојните аршини?
До кога ќе го кршиш Законот за кривичната постапка?
Каде ти е таа жестина обвинителке Вилма, како за случајот 27-ми април, да се зафатиш со овој невиден баснословен криминал од повеќе десетици милиони евра, јавно изнесен во секојдневните “бомбардирања” на јавноста со криминал од огромни размери? Зошто се однесуваш како нем наблудувач?
Според членот 39 од Законот за кривичната постапка основно право и должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност, да ги насочува дејствијата на органите надлежни за откривање и пријавување на кривичните дела и на нивните сторители, да предлага или да издава наредба за преземање на посебни истражни мерки и да врши други дејствија.
Од случајот РЕКЕТ направи лакрдија. Не ја пронајде ташната со пари!?. Да ја бараше, ќе ја пронајдеше, ама се плашиш каде ќе те одведеше. Бојан Јовановски ти кажа каде се парите, барајте ги кај Зоран и Вице Заеви. Зошто не изврши вештачење на телефонот на БОКИ 13? Од што се плашиш?. Како можеше да не побараш вештачење на телефонот? Не направи дури ниту обид да ја сослушаш адвокатот Васил Димишков, кој барал 6 милиони евра, а не ја сослуша ниту неговата сестра, судијата на власта Весна Димишкова, за која требало пари и за одење во пензија!? Тоа е судијата што го ослободи Зоран Заев за подкуп. Зошто ги криеш доказите?
Фондот за здавстевено осигурување станал мафијашко дувло. Биле извлечени во странство (украдени) 10 до 15 милиони евра!. Директорот на фондот Ден Дончев ја полни ташната со пари, а се мачкаат очи дека тоа била приватна работа!!.Од фондот биле исплатени 10 милиони евра, наводно за некакви авторски права. Рекетот во фондот упорно сака да се прикрие. Цела лепеза на докази за противзаконито влијание за лични интереси го потврдуваат криминалот во ДИАМЕД.
Во најновиот јавно објавен телефонски разговор, црногоерско-српскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака потврдува дека на Драги Рашковски за донесената одлука за придажба на ШИК “Јелак” од Тетово дал мито од 300 илјади евра и 2000 м2 земјиште. И тука е неизбежниот Зоран Милевски Кичеец.
Што стана со јавната набавка на радарски систем од фирмата ЛЕОНАРДО Италија за 7 милиони евра од Драги Рашковски, десната рака на Зоран Заев Заев за МНАВ Скопје?.
Што стаана со масовниот подкуп на избирачи од кланот ЗАЕВИ? Тешки народни пари се трошат за подкуп на избирачи и за финансирање на наводни невладини организации, кои експресно добија над 500 илјади евра? Што е тоа ако не е подкуп?
Отвори се Вилма, зошто ќутиш, од што се плашиш? Ако сега ништо не преземаш, тогаш не ја вршиш, туку ја злоупотребуваш функцијата. Јасно ли ти е дека сите патишта на криминалот водат во Струмуца. Зошто Зоран Милевски Кичеец, главен натрапник во сите матни работи се извлече толку евтино со “признавање на вина” за да ја избегне криувичната одговрност за повеќе тешки кривични дела. Ќе побараш ли да се исправи таа лакрдија со таа спогодба за признавање на вина на овој опасен мешетар?
Јавното обвинителство со кое раководиш, пред 3 дена се прогласи за ненадлежно да постапува за видеото „лепливи раце“. Ја забораваш ли функцијата на јавниот обвинител, кој ги насочува дејствијата на органите надлежни за откривање на кривичните дела и нивните сторители. Тоа не е веќе статички орган, кој само чека пријави од други органи.
Срамно е да се повикуваш дека во надлежност на Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција е откривањето на кривичните дела од економско финансиска природа. Значи ти дигаш раце, дека не си надлежна? Тоа е срамно. Зошто не побара проверка на јавно изнесените наводи за толку тежок криминал, од кој би се посрамиле и многу поголеми држави и би паднале влади во демократскиот свет.
Ти се обраќам Вилма, затоа што те познавам од поодамна, уште од твојот прием во ЈО, кога ја вршев функцијата заменик на Јавниот обвинител на Македонија.
Јавниот обвинител е господар на кривичната постапка, слуга на народот и слуга на државата.
Ти Вилма, очигледно не си ниту слуга на народот, ниту слуга на државата, туку си слуга на власта. Такви јавни обвинители не и требаат на ова држава и на овој народ. Затоа оди си, оди си Вилма ….
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.