Ако има искрена желба за помирување тоа може да се оствари само со целосна амнестија на сите
Таканареченото тело за помирување се најде во небрано. Незнаејки како и што треба да работи, се подели во три работни групи и одлучи на наредната седница да го повика Зоран Заев да присуствува на седницата за да тој како врховен арбитар ги изнесе своите видувања како да се спроведе помирувањето. Тоа значи дека ова тело капитулура уште на првата седница. Капитулира затоа што сето тоа што се однесуваше на ова наводно тело за помирувањ е само обична фарса.
Многу е чудно како евроосветлените и евроосвестените осум пратеници членови на телото кои гласаа за пристапување кон изменување на Уставот, сега останаа без идеи и без енергија, иако се фалеа дека тие го дале својот глас за прмена на Уставот одкако добиле уверување дека нивните барања ќе бидат усвоени. И што сега, ништо. Ништо неможат да сторат, затоа што нивните наводни барања беа само алиби за уцените и матните работи на кои подклекнаа и сега за тоа им треба покритие.
Да се утепаат работејки и да ги консултираат и највисоките правни екстпери, без цеполосна амнестија на сите за настаните од крвавиот четврток, ништо неможат да сторат, без да ја урнисаат еднаквоста на грѓаните пред Уставот, да применат селективна правда и да се извршат грубо мешање на извршната во судсата власт.
Фросина Ременски се меша во работата на судството
Одкако повеќе од 33 лица обвинети за непостоечко тешко кривично дело Тероростичко загрозување на уставниот поредок од членот 313 од Кривичниот законик со месеци поминаа во притвор, а не мал дел и денес се наоѓаат во притвор и по цели денови со месеци се наоѓаат во судница, поради што некои од нив го изгубија здравјето, на Фросина Ременски сега и текна да сугерира внимателен пристап и фер судење. Какво лицемерие?
Врз основа на која Уставна или законска одредба, Фросина Ременски црпи овластување да се меша во работата на судството, кога наведува дека на судот “ можеме да сугерираме да има внимателен пристап во делот на фер судење, во делот на обезбедување на докази и мерење на вината на оние кои учествувале во настаните од 27 април 2017 година “. Што е ова, ако не e директно мешање во работата на судот и обвинителството? Правото на правично и фер судење, доказната вредност и индивидуализација на вината за секој од обвинетите се основните начела на кривичната постапка. Ова ли Фросина Ременски, како потпретседател на Собранието и копретсетадател на работното тело ќе му сугерира на судот? Кој и дал такви овластувања? Знае ли таа дека сугерирањето значи директно влијание на судството? Ако власта на Зоран Заев сака да си го испере срамот од конструираниот тежок случај на кривично гонење за непостоечко тешко кривично дело и за инволвирањето на група од “евроосвестените” пратеници од опозицијзата, неминовно е без одолговлекување да предложи и да се донесе Закон за целосна амнестија на сите лица, а “евроосвестените” пратеници да се покајат. Друг пат за помирување нема.
Помирувањето е должност и одговорност на власта за доброто на државата и граѓаните
Граѓаните веќе се отруени, а и понатаму континуирано секојдневно се трујат само со црнила. Буквално секој ден на граѓаните им започнува и им завршува во доцните вечерни часови само со вести и слики од судници во кривичниот суд за секојдневни многубројни кривични судења, притвори, полициски и заворски комбиња, до заби наоружани полицајци, сензации и исчекувања кои се објавувуваат во сите средста за јавно инфиормирање, во утрински или дебатни емисии. Се создава атмосвера на линч и се сее страв кај народот.
Селективноста е главната одлика на прогон само на припадници од една политичка партија. Вчера и на последниот градоначалник од предходната власт во една мала општина му беше поднесена кривична пријава. Како немаше барем еден градоначалник од ДУИ или од СДСМ или други функционери од овие партии да бидат опфатени со казнено гонење? Селективноста во гонењето е опасна и преставува голема неправда која не води кон владеење на правото.
Се фрли голема пизма меѓу народот и таа постојано се продлабочува. Се раскара народот, се караат брат со брат, комшии, пријатели, работници на работното место, се кинат другарства и пријателства и сето тоа во ова отруена атмосвера се прави од политички причини. Се ништат успешни стопански субјекти. Дали доаѓа времето кога во Куманово во свињарски фарми свињите се јадеа меѓу себе, затоа што немаше кој да им купи храна. Дали доаѓа време на пцовисување на овци, изумирање на риби во рибници, пцовисување на илјадници крави и друга стока и фрлање на млекото и опасност од скапување на собраното жито во силосите затоа што се создава објективна неможност да се набави храна за стоката и да се одвива нормален стопански процес.? Дојде време на наезда на извршители за распарчување и на последниот најголем земјоделски комбинат Пелагонја, време на отпуштање на повеќе стотици и илјади работници, време познато од матната криминална транзиција? Дали некој води сметка за сето ова? Очигледно никој не води сметка. Од што ќе живее народот ако се руши економијата, ќе живее од сликите на кривичниот суд? Нормалното функционирање на институциите во вршење на нивните овластувања добива силна слика на реваншизам и рушителство, а не власеење на правото.
До каде сето ова не доведе и ќе не доведе? Кој има корист од ова што се прави? Се ситат само душманите на Македонија. Тоа е проверена шема за разнебитување на државата. Тоа мора да запре, бидејки никому не му користи. Одговорноста е на сите политички субјекти, а пред се на носителите на власта и на Владата. Владата е должна да ја врати, а не да ја продлабоќува изгубената на народот и да го обезбедат мирното живеење на граѓаните. Владеењето со сила и реваншизам носи само несреќи.
Свестете се додека има уште време. Се плашам а не е предочна.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.