Михајло Маневски

Изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека нема да добиеме датум за преговори, туку само предлог за подготвителна фаза ги попари Зоран Заев, Бујар Османи, Никола Димитров, Кочо Анѓушев и нивната дружина. Минатата година во јуни овие лажливци во авионот на Владата “прославија” дека сме добиле датум за преговори со Унијата и за тоа долго време го лажеа народот. Како тоа, лани сме добиле датум за преговори, а сега една година подоцна добиваме само утешен предлог за подготвителна фаза?

Како не им е срам на овие бесрамници. До кога ќе го лажат народот и до кога ќе го угнетуваат со неспособност, неработење, криминал, корупција, непотизам и лично богатење? Лажливецот Зоран Заев се колнеше во предците и потомците дека додека диши нема да го смени Уставот и името на државата. Го стори токму спротивното со насилни криминални предавнички дејствија, спротивно на вољата на народот изразена на референдумот. Лажеше и за неизведувањето на химната и вчера лагата ја призна. Овој човек без лаги неможе да живее и затоа веќе никој ништо не му верува.

Но, Зоран Заев како ноторен лажливец неможе да ја излаже Европа. Лагите веќе не му поминуваат ниту во Европа, ниту во Македонија која ја предаде, ја унакажа и ја обезличи. Европската унија јасно ги постави условите како клучни приоритети, а тоа се владеење на правото, спречување на корупцијата, реформи во судството и безбедносниот систем, департизирана администрација и слобода на медиумите.

Што од сето ова е направено? Ништо, скоро ништо со конкретни достигнувања и конкретни резултати. Во услови на апсолутизам и деспотизам неможе ништо позитивно и да се очекува. Само со паролите НАТО – ЕУ не се постигнува ништо на планот на владеење на правото и подобрување на животот на граѓаните. Тоа не е виза за Европа. Спречување на корупцијата првенстевено има цел да се спречи граѓаните да бидат жртви на корупција и тоа не се прави за Европа, туку за остварување на правата и слободите на граѓаните да живеаат во држава во која владеат правото и законите.

Владеење на правото

Нема правна држава без владеење на правото. Нема демократија и слобода на граѓаните и нема општествен и економски развој без владеење на правото. Како може да има владеење на правото, кога Зоран Заев како апсолутен господар цврсто ги држи дизгините и ја преставува апсолутната команда во државата како врховен диктатор? Само тој е апсолутна власт и врховен узурпатор на законодавната, извршната и судската власт. Тоа ли е владеење на правото? Целосно политизирана јавна администрација, заробени институции, протерување на способни и стручни кадри и полнење на администрацијата со нестручни и неспособни партиски кадри во сите ешалони на власта на централно и локално ниво, во јавните претпријатија и установи.. Доволен е само еден пример за Заевиот апсолутизам. Јавно и бесрамно изјави дека во Охрид ќе ја носи Комисијата за одлучување по жалби во втора степен во управна постапка за да одлучи таму и тоа со ДА, а не со НЕ за веќе бесправно изградениот хотел во месноста Лагадин, спротивно на сите прописи во појасот до езерото како забранета зона за секаква градба. Тој се стави во улога на инспектор и второстепен орган да одлучува со ДА- позитивно, а не со НЕ, независно од повредите на законот. Ако тоа не е злоупотреба на функцијата, тогаш што е?

Законите во Собраниерто, по правило се носат во скратена постапка, без расправа и без дискусии, особено од научната и стручната јавост, закони на кои неосновано се става европско знаменце, па дури и закони со ретроактивно дејство. Се е блокирано од извршната власт на Зоран Заев. На Собранието му се натура донесување на закони по брза постапка, а пратениците од владеачкото мнозинство се ставаат во служба на гласачка машинерија, спротивно на Законот за Собранието и Деловникот за неговата работа.

Уставниот суд на Македонија наместо чувар на ставноста преставува пример за нарушување на правото и правдата. Уставниот суд еднаш да го применеше Уставот, состојбите во државата немаше да бидат толку бедни во владеење на правото. Дали некој памети овој Уставен суд да покренал некаква постапка по сопствена иницијатива или да изрекол привремена мерка, а имало и има многу такви состојби? Овој Уставен суд “мудро” молчи и не постапува по поднесени иницијативи кои ги чува во фиока, како што се Законот за СЈО, Законот за употреба на јазиците, Законот за ратификација на договорот со Грција и други закони. Уставниот суд наместо чувар на уставноста се претвори во креатор на неуставност. Кој му дал такво право на Уставниот суд да не постапува по поднесените иницијативи и да спроведува некаква владејачка противуставна политика? Повеќе углед и доверба има мировен совет во една селска средина, одколку овој Уставен суд. Жалосно е што судиите на овој суд немаат ниту доблест да си поднесат оставка.

Корупцијата царува

Политичкта корупција како основа на корупцијата во општеството се манифестира низ вршење на функиите на власта со кршење на Уставот и законите за постигнување на политички и лукративни цели. Токму таа корупција е рак рана на македонското општество, најизразена во овој временски период.

Македонија е рај за корупцијата, судирот на интереси и непотизмот. Каде и да чепнеш ќе откриеш корупциски скандали. Државата живее од еден до друг корупциски скандал. Наместени тендери, криминални грантови, партиски вработувања, расипништво, царство на непотизмат и самовилие. Во Македонија владее корупцијата, а не на правото.

Спречувањето на корупцијата да се постигнуваше со празните зборови и лажни ветувања на Зоран Заев и ова расипничка Влада, досега ќе беше искоренета. Токму поради таквиот однос спрема корупцијата, Македонија во 2018 година од Транспаренси Интернешенел од Берлин беше рангирана дури на 96 место во друштво со некои африкански држави. Тоа е срамно за ова држава и за ова власт. Наместо да се подобруваат се влошуваат состојбите во врска со спречување на корупцијата. Ова катастрофална состојаба Зоран Заев смета дека Европа е слепа и нема да ја види.

Корумпирана власт неможе да води успешна борнаба против корупцијата. Во Македонија нема реална политичка воља за борба против корупцијата. Политичка воља нема да има ниту во иднина, затоа што корупцијата ја врши власта, а власта која е носител на корупцијата не дозволува одкривање и спречување на корупцијата. Корупцијата може успешно да се спречува со казнено гонење на сторители на корупциски кривични дела сторени од актуелни носители на функциите на власта, а не само со селективно гонење на функционери од поранешната власт во конструирани процеси.

Дали некој одговараше за срамниот корупциски скандал во Фондот за иновации? Не, не одговараше никој, ниту пратеници, ниту членови на Владата и високи партиски функционери за доделени грантови од повеќе милиони евра, па дури и грантови од по 200 и 300 илјади евра на најблики роднини. Симбол на овој криминален фонд е Цвртанка Ласкова со 300 илјади евра грант за најблиски членови на семејството. Тој Фонд за иновации се претвори во фонд за криминал и преставува симбол на државна корупција без одговорност.

Дали некој функционер на актуелната власт или раководен службеник одговарал за корупција во јавните набавки? Не одговарал никој. Јавни набавки масовно се вршат во четири очи, без или со наместен тендер, наменски се основаат фирми пред недела – две од објавата на тендерот и тие добиваат милоионски тендери. Фирмите се делат на партиски на СДСМ и на ДУИ и тука владее одлична кохезија на немешање и толеранција во интерес на зачувување на коалицијата, посено изразено во јавни набавки, во снабдувањето со нафта и нафтени деривати, печатење на учебници без тендер, масовна дивоградба и уништување на природата и многу други криминални дејствија.

Скандал мајсторот во кој раководи со министерството за здравство е олицетворение на злоупотреба на јавните наваки на огромни износи од повеќе десетици милиони евра за реагенси, набавка на лекови без тенрдер од блиски членови на семејство на одговорни раководители, употреба на вакцини за вакцинација на деца со назначен поминат рок на употреба.

Дали некој одговарал за корупција во образованието? Се купуваат испити и дипломи, магистратури, па дури и докторати, со што се девалвира науката и тие што со многу труд и голем придинес на науката го стекнале тоа научно звање, кое бескруполозно се девалвира. Студентите од Тетовскиот универзитет јавно застанаа против корупцијата во образованието со над 15 точки кои ги прочитаа на тетовскиот плоштад, Јасно побараа да не се должни да купуваат книга од односниот професор и при тоа да се подпишт дека ја купиле книгата. Единствена “светла точка” е стипендијата од 40 илјади долари и платени трошоци на ќерката на министерот Никола Димитров.

Непотизмот царува. Само во последниве два-три месеци на добро платени места се наместени повеќе стотини најблиски роднини на највисоки функционери на центаралната и локалната власт, на министри, градоначалници. претседател и пратеници на Собранието, од кои голем број го “вработија” целото семејство. “Вработени” (наместени) се ќерки, синови, сопрузи, сопруги, мајки, сестри, внуци, сватови и тоа претежно во доборстоечките јавни предпријатија и установи и други органи на централната и локалната власт.

Што е преземено за овој невиден корупциски скандал? Ништо, досега ништо, а не верувам дека нешто ќе се преземе и дека ќе има некакви резултати. Се ќе се сведе на една маскарада. Наместо Владата да побара оставки и да ги разреши овие функционери, Владата и сите други органи бегаат од скандалот. Најдоа соломонско решение и ја натоварија антикорупциската комисија при постоење на Инспекциски совет, мноштво трудови и други инспектори. Наместо антикорупциската комисија да се занимава со спречување на корупцијата која е присутна насекаде, уште на самиот почеток ја заглавија со овој масовен непотизам и на пат се целосно да ја девалвираат. Таа нема капацитет тоа да го стори, а притисиците кои се вршат врз неа од најзаинтересираните носители на функции на наместените синови, ќерќи и сестри и други роднини ќе ја дотолчат.

И платформите бесправно изградени во кањонот Матка ги натоварија на антикорупциска. Сите бегаат од овој случај и се прогласуваат за ненадлежни!? Што има антикорупциска со овој случај, освен да побара поведување на кривична постапка за неизвршување на службената должност и за бесправно градење во забранета зона на министерот за транспорт и врски и градоначалниците на Сарај и Скопје.

Расипништвото од големи размери. Додека со пари на граѓаните се покриваат трошковите на општините, градоначалници беснеат со купување на скапи автомобили. Граданочалникот на Струга купи луксузно возило од 67.000 евра. Да се дадат 67.000 евра за возило на една општина како што е Струга е два пати поскапо одколку што државата купи блиндирано возило од 600 илјади евра. И никому ништо? За ова никој не одговара? Директорот на МЕПСО може да седи само во кожни фотељи од телешка кожа со антишок наслон. Многу расипници се натоварија на грбот на сиромашниот народ и го цедат до крај. Има ли крај на ова расипништво?

Што може да се очекува од судски реформи, кога на чело на Советот за судски реформи е деспотот Зоран Заев? Фактички не се спроведуваат никави реформи, освен монтировки и селективна правда само на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а не од ДУИ и СДСМ кои се амнестирани од одговорност што и да сторат. Специјално обвинителство е продолжена рака на власта за спроведување селективна правда. Извршната власт ги зароби судовите да и служат за остварување на политички и лични цели, како што е ослободубвањето на Зоран Заев за случајот Подкуп, кој го виде цел народ. Апелациониот суд Скопје, иако е должен пресудата да ја изготвои за 15 дена, тоа го направи после скоро 3,5 месеци. Зошто се чекаше толку време да се напише пресуда од 4 страници? Се темпираше ли време кога да се објави?

Денес во Македонија не се градат споменици, не се градат фонтани, не се градат мостови, не се градат театри во Скопје и Велес, не се гради зграда на македонската филхармонија, не се градат згради за потребите на многу министерствата и многу државни органи, зграда на Јавното обвинителство, Кривичниот суд, згради на јавни претпријатија и банки, реновирана и опремена зграда на Владата во која клинче не заковаа а седнаа во удобните фотељи, не се гради спортска арена, не се гради покриен најсовремен фудбалски стадион, не се градат стотици спортски сали во училиштата и во населените места, не се градат катни гаражи, не се купуваат автобуси, не се градат објекти за институциите од областа на здравството и образованието (универзоитет Дамјан Груев запре да се гради) и културата, не се започнаа нови автопатишта, не се градат стотици други објекти од инфраструктурата, енергетиката, ветерна електрана, објекти за детска заштита, водоснабдување, здравство (болницата во Штип и Охрид) и огромен број на други објекти за потребите на граѓаните.

Сето тоа што е иградено во обем и во количина, ова ненародна Влада неможе ниту да го замисли, а камо ли да го реализира. Не е способна дури и да го доврши веќе започнатото или да го стави во употреба веќе изграденото. Автопатот Миладиновци – Штип стана веќе историја проткаена со корупциски нитки, како и автопатот Кичево – Охрид, за кој бесрамно се фрла прашина во очи дека со новите анекси на договорите биле “заштедени” 92 милиони евра!? Господ да чува и да брани.

Со оглед на тоа што во државата веќе скоро ништо не се гради, каде се строшат парите? Каде одат парите на граѓаните собрани од даноците, каде одат парите од огромното задолжување на државата? Нема отчетност и одговорност? Корупцијата и самоволието кулминираат до невидени размери на штета на граѓаните. Доаѓа денот кога за сето ова мора да се даде одговор и да се понесе одговорност.

Веќе нема време за бегање од реалната состојба на масовна корупција во општеството без одговорност? Така не се гради систем на доверба и владеење на правото. Ова Влада ја запусте државата и и нанесе непроценливи штети. Македонија го достигна дното. Крајно време е народот да се ослободи од ова ропство и од ова беззаконие. Тоа секако народот ќе го покаже на наредните претседателски и след тоа на предвремени парламаентарни избори и ќе ја порази ова ненародна корумпирана власт.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.