Кирил Лазов
Aegrotisalus suprema lex или доброто на пациентот е нашиот најприоритетен закон. Оваа латинска максима во некое друго време и во некој друг систем со нормално политичко уредување и стабилна и нормална власт во целост би била имплементирана и би се докажала како вистинита.
За жал во ова време невреме, во ова време за плачење кога неразумноста, егоизмот и непромисленоста се особено изразени кај владејачката гарнитура, ниту доброто на народот, ниту пациентите не се приоритет.
Во едни вакви услови кога секојдневно имаме застрашувачки бројки на новозаразени и голем број на починати лица од коронавирусот, сликата која ја остава власта е крајно загрижувачка и алармантна во однос на подреденоста на приоритетите.
И наместо власта и министерот Филипче да се насочат кон масовна имунизација на населението и итна и неодложна набавка на голема количина на вакцини, тие калкурираат со тендерски проценти и бизнси зделки за поголем профит. Големата вирулентност и зголемената трансмисија на ширење на вирусот ги вклучуваат црвените аларми. Мерките не се доволни. Потребна е масовна имунизација. Во оваа пародија која секојдневно ни ја приредува владата предводена од незаменливиот партиски лидер Заев и неговите поданици, народот е колатерална штета. Оставени сме на милост и немилост. Медиумските работници бараат помош и се вакцинираат во соседна Република Србија, безбедносните структури исто така преговараат за имунизација на своите припадници во соседна Србија, затоа што имаме најнеспособна влада.
Се чини дека владата и не е насочена кон решавање на овој проблем затоа што сите нивни најави за набавка на вакцини се покажаа неточни.
И додека сите влади во соседството и низ светот имаат стратегија, протоколи и серизоно пристапуваат кон вирусот, нашата влада и по цела година нема ниту протоколи ниту планови, а уште помалку идеја за спроведување на масовна имунизација.
Но нашата влада има друг приоритет. До пред некој ден беше фокусирана на избор на лидер на владејачката партија кои сам против себе се бореше, толку демократски избор што челнството немаше избор кој да избере, освен незаменслизиот Зоран Заев.
Од друга страна политичката операција ПОПИС. Во време на пандемија и рапидно зголемување на бројките, во ек на третиот бран тие организираат попис и при здрав разум не убедуваат дека пописот ќе биде само статистичка операција. Повеќе од јасно е дека пописот е за политички цели. Погледнете во соседството: Србија, Косово, Хрватска разумно го одложија пописот затоа што сега не е воопшто момент за негово спроведување, а кај нас повикуваат на масовно попишување заканувајќи се со ригорозни казни за оние кои нема да се попишат. Пописот нема да донесе ништо освен нови високи, катастрофални бројки на заразени и починати лица. Пописот ќе значи истребување и уништување на народот и уште еден удар врз македонштината и се што е македонско.
Во овие улови за попис ниту треба да се разговара ниту да се преговара, но сериозно треба да се стави прстот на чело и да се спроведе масовна имунизација на населението.
МАСОВНА ИМУНИЗАЦИЈА НАМЕСТО ПОПИС! Во спртоивно оставки на цела влада. Доста е од нивната неспособност!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.