Ламбе Арнаудов
Господине Христијан Мицкоски, прво прости ни на нашата дрскост, и сега ТИ послушај не нас.
Откога си лидер на ВМРО ДПМНЕ се докажа дека си ЦЕЛНА личност во твоите трајни определби да ги почитуваш, исполнуваш, гарантираш и до утврдуваш основните принципи, критериуми и начела содржани во уставот на нашата партија.
Не можеме да наброиме што све научивме од тебе од кога си наш лидер, но за трите најсветли правила за почитување на партиската припадност секогаш ги застапуваше и реафирмираше.
Прво – трајната цивилизациска определба која произлегува од безвремената заветна Декларација на ВМРО испратена до Народите на Европа, демократски и по мирен пат да ја браниш Македонија од секого, од сé и со сé.
Второ – ти благодариме што ниту во еден момент не дозволи никому да ја повреди, навреди, обесчести или предаде Партијата, а ти максимално решително да не застанеш да ја одбраниш незината чест, достоинство и традиција.
Трето, можеби и најважно – до крај ја сочува автономноста и самостојноста во донесување на одлуките, само внатре низ институциите на Партијата без оглед на опсегот и важноста.
Господине Христијан Мицкоски, ги гледаме разочараните, загрижени и полни со тага лица на нашите сограѓани.
Македонија, прости ни, ама за жал денес повеќе наликува на мртовечница отколку на среќна, радосна и животодарувачка Татковина каква што нашиот народ заслужува. Сите веруваме дека насмевката можеш да ни ја вратиш само Ти и даваме апсолутна подршка да ја водиш ВМРО ДПМНЕ, а наскоро и Македонија. Сега тоа е истовремено и чест и доверба и апел од напатениот македонски народ.
Само така тоа што го сонуваше како дете, што како маж го оствари, да бидеш успешен лидер на ВМРО ДПМНЕ во староста со гордост ќе можеш да раскажуваш дека си бил.
Политичките трансексуалци од дружината на Зоран Заев и партиските травестити кои ја посакуваат твојата “глава“ се најсигурен доказ дека предавниците само од тебе се плашат. Со право се плашат, ти си единствениот кој со твоите соработници и со нас си жив бедем кој ќе ги спречи да ја распаднат Македонија.
Со Христијан до конечна Победа!
За тебе сé Македонијо!
Со потпис
Мане Јаковлески
Ламбе Арнаудов
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.