Ламбе Арнаудов
Во дамнешно време, некој си моќен и мудар владетел, кога почувствувал дека е време да го отстапи тронот, никако не можел да се определи на кого од двајцата синови да го остави. Бидејќи и двајцата му биле подеднакво мили решил на секој да му даде по еден расен коњ, на првиот снежно бел, а на другиот изразено црн, и им порачал: „Една година јавајте, шетајте, учете низ царштината, а потоа чиј коњ ќе стигне втор во престолнината тој ќе биде цар.
Сé било во ред додека не стигнале пред престолнината, тука застанале и не мрдал никој.
Некој си пустиник, мудрец ги видел и ги прашал што им е маката, по што тие му ја раскажале наредбата од татка си, царот.
Многу лесно, одговорил мудрецот: Сменете ги коњите.
Го направиле тоа и се впуштиле во бесна трка за да го остават секој својот коњ да стигне ВТОР и да го направи иден владетел.
Очигледно е мудроста од секогаш во промената на луѓето, а не во менување на нешто што не се менува и никој тоа ни по која цена го прави, јазик, име, идентитет, историја…
Ова е најмирен, безболен, силно демократски, морално и етички приод за спасение на луѓето и Македонија.
Има и повозвишен начин, ама таа привилегија е само на храбри, честити, исполнети карактерни личности со родољубие и патриотизам, кои едноставно седнуваат пишуваат проштално писмо во кое се извинуваат и бараат прошка за сите неволји и неправди што им ги нанеле на својот народ и сами си пресудуваат.
Ваков, високо морален чин од кукавица не се очекува ни во сон. Затоа Македонијо СМЕНИ ГО! Еве, ова е мојот прв предлог.
Вториот мој предлог за разрешување на проблемот со Бугарија и започнување на процесот за преговори со ЕУ е следен:
Вие, господа од СДСМ, не сите, туку само оние, а не сте малку, што сте го повратиле КОЛОСТРУМОТ, заедно со своите синови и снаи, ќерки и зетови, внуци, роднини, пријатели, веднаш напишете се дека сте Бугари по род, известете ги Брисел и Софија и како што постојано тврдите дека сте државотворна партија направете втора бугарска држава на територијата на Македонија. Не оставајте го сам Зоран Заев (како Киро што своевремено ви порача) да ја разнебитува, гази, посрамотува, обезличува и понижува Македонија.
Охрабрете го, дајте му силна поддршка на вашиот харизматичен, мудар, исклучително храбар лидер да го направи до крај она што го започна. Ајде, покажете се храбри, не бидете кукавици, не му откажувајте во оваа пресудна битка што Заев заедно со Бугарија ја води против Македонија.
Овозможете му на вашиот омилен лидер потоа во стилот на неговиот ментор Тодор Живков да тргне на останатите граѓани од втор ред кој своевремено веднаш штом седна на премиерската функција тргна во асимилација на Македонците во Пирин и во под Родопите асимилирајќи ги Турците.
Ајде бедни кукавици покажете лојалност кон Заев и дружината разбојници, удрете на македонскиот народ и не ќе имате време да разберете што ве снашло.
Вас ли ќе ви оставиме да го растопете она што го создавале генерации и генерации најчесто жртвувајќи се себе си и своите семејства. Што мислите вие алхемичари и биороботи, така ли се пусти држава. Или свестете се или ќе ве освестиме.
Само глупави луѓе како вас не знаат што е негаторство, а што асимилација.
Негаторите ти кажуваат дека не те признаваат она што си, а асимилаторите викаат ти си што сум јас.
Повеќе од очигледно е дека Заев тргнал од Македонија да прави втора бугарска држава, од македонскиот народ бугарски, вие неговите следбеници доброволно, а мнозинството Македонци, како што не учи историјата, другите наши сограѓани кои живеат во Македонија насилно, безмилосно и без застанување.
Ќе ве запреме, ќе се одбраниме од вашите непријателски походи на нашата татковина, ќе ве победиме. Автофашистот и квислинг од прва категорија Зоран Заев и неговите пајташи ќе одговарате за велепредавство, а вие кутри келеши и заморчиња ќе бидете посрамотени пред сите дури и вашите најблиски.
Една порака и до Меѓународната заедница.
Ако поддржуваш лош човек, ти кој што го поддржуваш и храбриш си уште полош.
Бидете умни и рационални и немојте да дозволите она што македонскиот народ го чувствува кон Зоран Заев и неговата предавничка клика да се идентификува со Вас.
На крај должам објаснување. Колострум е првото мајчино млеко со кое се задојува новороденчето во првите седум до десет дена и никогаш повеќе. Животно-зајакнувачките својства и ДНК поврзаноста со своите родители се надополнува со вградување во детето со љубов, родољубие, патриотизам кон татковината и најтесно поврзано и никогаш нераскинливо со земјата, реките, езерата, планините, парковите, шумите, ливадите, но во прв ред со неизмерна почит и љубов кон сите свои сограѓани родени во твојата земја без оглед на верска, расна и политичка припадност, еднаквост на народите и прославување на вистината и правдата.
Вие што сте го повратиле КОЛОСТРУМОТ сте за жалење, облечени сте во човечко руво, ама ништо немате од човек. Класични биороботи осудени на пропаст и вечно страдание во вашата поматена свест.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.