Ламбе Арнаудов
Почитувани сограѓани, Македонија и македонскиот народ пред очите на сите нас исчезнува. Искрено, според мене тие веќе се исчезнати само што сеуште не ни кажале.
Автофашистите од СДСМ ги натовариле бродовите со бојни отрови произведени во лабораторијата на Бихачка, и истите слободно крстарат по Македонија труејќи го народот, идентитетот, јазикот, државата, културата, оставајќи зад себе пустош.
Флотата ја опслужуваат кретени од типот на црниот лилјак кој му благодари на Бојко што му ја е*ал мајката, или оној шизофреничарот, вампир жеден за човечка крв, кој отворено жали што не се родил порано па да биде еден од најверните слуги на Хитлер како управител на логорна смртта, пример Аушвиц, Дахау или Треблинка и слични на нив, потврдени автофашисти кои го јадат сопствениот народ.
Кучиња Бернардинци да беа подобро ќе ја водеа државава, барем нешто ќе спасеја од оваа насилничка и неправедна лавина со која нé поклопија. Три години безмилосно газат, беснеат, уништуваат и пеплосуваат сé пред себе.
Крајно време е да им се каже во лице на овие дивјаци дека ДОБРИТЕ НАМЕРИ ваквите бродови не ги потопуваат, диви бури и силни ветрови тоа го прават.
Силното викање со кое се обидуваат да нé исплашат за да го сокријат својот уништувачки поход им е бадијала. Само ќе го изгубат својот глас, оти никој не може да го надвика народот.
Господине Христијан Мицкоски овие се околностите кои те пратат несреќно овие три години.
Околностите се чуден и необјаснив феномен, неверојатно е колкаво влијание имаат наформирање, дооформување, преформирање или комплетна промена на личностите. Особено има нагласен интензитет кај водачите. Нив почесто ги напаѓа. Најверојатно за да ги стави на искушение ради нивната одговорност кон сопствениот народ и татковината.
Во такви груби, тешки и непријателски околности ја презедовте ВМРО ДПМНЕ која беше цел на сите реакционерни снаги во Македонија кои се обидуваа да ја избришат од политичката карта и судскиот регистер.
Од тука произлезе и другата невешто прикриена предавничка димензија од овој мрачен злосторнички проект за уништување на Македонија. Сите што години наназад бараа бришење на ВМРО сега се здружија и со заеднички сили ја разнебитуваат татковината и народот.
За среќа на македонскиот народ, а на нивно жалење, Вие господине Мицкоски со своите соработници, во прв ред Александар, Владо, Игор и другите, не само што ја одбранивте партијата туку ја направивте посилна од кога и да е. Со вакво ВМРО ДПМНЕ на чело со генијален и исклучително храбар, мудар и чесен лидер патриот, и со ваков состав на раководството, лојалност на членството, Македонија нема потреба повеќе да се грижи за својата судбина, сигурност и потполно извесна иднина.
Сега се потврди дека околностите од слабите прават слуги, а од силните господари. Господине Христијан Мицкоски,тешките и бесни околности ги скротивте и ги ставивте под контролаи со тоа направивтетие Вам да ви служат. Вистински Господар на околностите, закитен со сите нишани, предодреден за лидер на партија, народен трибун и успешен водач на држава.
Докажавте дека луѓето кои Вие со право ги водите се силни, храбри, полни со самодоверба и љубов кон татковината, патриоти со силен порив што влева вера, надеж и сигурност дека Македонија постојано ќе ја придвижуваат кон рајот, од каде што вкусните сокови и плодови ќе ги претвориш во едемски благодети и ќе ги поделиш рамноправно на сите граѓани, вистинска независност, слобода, правда, демократија, загарантиран идентитет, висок стандард, правна сигурност, социјална безбедност и сé останато што прилега на една цивилизирана држава во служба на граѓаните.
Ова е наша исконска обврска сочината од почит кон минатото, убавината на сегашноста и светлата иднина, свесни дека без нас Македонија останува без заштита а со тоа сето останато, убаво и добро што му припаѓа на нашиот напатен народ не ќе е можно да се обезбеди. Се заветуваме пред олтарот на Македонија дека ќе истраеме. Може да сопре времето, да секне водата, но болката што овие гадови автофашисти ни ја зададоа никој не може да ја заборави и да ја запре.
Вистината и лагата секогаш влегуваат низ иста врата. Внатре веднаш се разделуваат, лагата беснее, вика, се дере, хистерично се однесува, залудно обидувајќи се да се претстави како вистина.
Од друга страна, вистината мирно, спокојно, самоуверено и достоинствено си оди по својот пат, осипана со милост и благодарност од луѓето.
Вистината во Македонија секогаш е иста, нераскинлива симбиоза за вечен опстој помеѓу ВМРО ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА. ВЕЧНИ.
На крај. Не ми е жал што историското ВМРО и сегашната негова персонификација во ликот на ВМРО ДПМНЕ толку многу го мразите.
Од вашите поматени умови друго и не може да се очекува.
Но многу сум изненаден од вашето антологиско непознавање што е ВМРО. Ама разбирливо, тој што нема љубов кон својот народ и татковина, не го препознава ни нивниот светец заштитник на кого залудно јуришате со заврзани очи и при тоа си ги кршите главите.
Така ќе биде и овој пат и секогаш, додека не се опаметите и да се засрамете од ова зло што му го правите на сопствениот народ и татковината.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.