Михајло Маневски
На повидок е очигледна опструкција и се создава терен за прикривање и забошотување на огромна рекет афера
Никој не знае каде е Катица Јанева. Не знае Министерството за внатрешни работи кое и обезбедуваше највисок степен на заштита, а не знае ниту Јавниот обвинител. Катица Јанева ја нема веќе 7 дена, како да пропадна во земја. СЈО е обезглавено, обвинетите се оставени на немилост и неможат да ги остварат нивните законски права. Каква е ова правна држава на Зоран Заев и СДСМ? Во која и да беше држава на земјината топка Катица Јанева ќе ја пронајдеа. Ќе превртеа дрво и камен и ако сакаа ќе ја пронајдеа. Очигледно е дека Владата и Зоран Заев немаат намера тоа да го сторат. Никој не знае каде е Катица Јанева, ама таа се шета по фризерски салони. Очигледно е дека веќе се врши опструкција на правдата и се создава терен за прикривање и забошотување на ова огромна рекет афера. Секој ден се дозираат скудни информации кои повеќе прикриваат, одколку што откриваат.
СЈО не ја извршува функцијата и е целосно блокирано
Функцијата јавен обвинител во СЈО, според членот 9 од Законот, ја извршува лично јавниот обвинител. Јавните обвинители избрани во тоа јавно обинителство само му помагаат на јавниот обвинител. Овие јавни обвинители немаат право да донесуваат наредби и обвиненија, а имаат право да го застапуваат јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство пред надлежниот суд. Јавните обвинители назначени во СЈО се одговорни единствено пред јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство. Според решенијата во законот, СЈО е целосно блокирано.
И сега, што станува? Катица Јанева како јавен обвинител ја нема веќе неколку дена. Сега функцијата на Специјалното јавно обвинителство не ја врши никој, ниту некој може да ја врши, затоа што според законот, функцијата може лично да ја врши само Специјаслниот јавен обвинител. Спрема тоа, СЈО е обезглавено и не се врши функцијата на штета на обвинетите и притворените лица.
Обвинетите и притворените по барање на СЈО оставени во немилост без заштита на нивните законски права
Кој му даде право на Зоран Заев, на Министерството за правда или на било кој друг во ова држава да ги остави обвинетите и со месеци притворените лица без право и без правен основ за остварување на нивните права?.
Одговорот на муртинскиот филозоф е дека Катица Јанева ја нема, и толку. Него не го интересира судбината на назаконито притворените и обвинети лица во монтирани случаи на кривично гонење, кои неможат да остварат ниту едно свое право. Што ќе стане ако обвинетиот или неговиот бранител поднесат барање за укинување на мерката притвор или поднесат друго барање предвидено во закон како право на обвинетиот? Кој ќе даде мислење за тоа дали барањето е основано или не е основано или предлог, кога СЈО нема обвинител, а обвинителите кои и помагаат немаат такво право. Тоа го потврди обвинителката Лиле Стефанова, која јавно изјави дека не подпишала ниту еден предлог или мислење за ослободиување од притвор или за примена на било која друга мерка.
Катица Јанева која даде оставка, не е разрешена од функцијата и таа законски е сеуште јавен обвинител на СЈО. Незнам дали МВР го променила решението и дали го симнала обезбедувањето на Катица Јанева, и ако тоа е сторено, зошто е донесена таква одлука, кога функцијата не престанува со денот на поднесубвање на оставката, туку со денот на разрешувањето. Што се крие зад сето ова и какви ујдурми се прават? Едно е сосема сигурно, ова Влада на Зоран Заев нема абер ниту од право, ниту од правна држава Не е чудо што државата се гуши од огромен тежок криминал, рекет и галопирачка корупција.
Класично злосторничко здружување на вршење на уцени со обилно користење на незаконски снимени телефонски разговори
Катица Јанева мора да биде изведена пред лицето на правдата. Неможе да се скрие. Никој во ова држава не верува дека неможе да се пронајде. Од што се плаши власта? Се плаши ли за сопствената инволвираност во рекет на голема група на бизнисмени низ цела Македонија? Во толку мала држава да се појави толку голем рекет, готово легализиран, е невиден феномен на овие простори и во далеку поголеми држави.
Бојан Јовановски, алијас БОКИ 13, миленик на власта, ги посетувал службени простории на премиерот, на министри и пратеници, на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева и на многу други функционери. Сите му оделе на баци рака, како на мафијашки босс и чест им било да направат фотографии со него и да ги залепат на својот профил, како дел од имиџот. Браво за сите издишани и насамарени. Сите се врткаа окулу него, не само заради некаков престиж, туку пред се заради некаков интерес. Зошто власта ништо не презеде, иако знаеше дека тој не е сопственик на телевизијата.
БОКИ 13 создал рекетарска банда која успешно функционирала долго време. Во ова беспрекорно организирана банда масовно биле инволвирани високи функционери од власта и обвинителството. Рекетарскиот октопод масовно ги раширил пипците и навлегол во голем број фирми и рекетирал голем број бизнисмени и тоа за суми дури и по неколку милиони евра!. Во рекетарската банда на БОКИ 13 е инволвиран Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, како и други високи функционери од политиката и високи функционери од власта. Масовно се вршела злоупотреба на нелегално прислушуваните телефонски разговори како средство за уцена. Затоа ли не се уништуваа нелегално прибавените снимени телефонски разговори да служат за уцена и рекет, на што досега укажував барем десетина пати.
Истражната постапка, според соопштението на јавното обвинителство, се водела затоа што во периодот од месец ноември 2018 година до месец април 2019 година, Боки 13 “искористувајки го своето влијание врз јавен обвинител”, влијаел да се изврши дејствие со кое ќе се олесни положбата на осомничено лице во кривична постапка, а второосомничениот битно придонел со тоа што договарал континуирани средби.
Како може да се врши влијание врз јавен обвинител? Зошто тој јавен обвинител- Катица Јанева не покренала кривична постапка против тоа лице што вршело влијание и зошто за тоа “влијание” не ја известила јавноста. Ако била чесна и работела согласно законот, била должна тоа да го стори. Во случајорт се работи за класично злосторничко здружување на вршење на уцени со обилно користење на неазаконски телефонски разгово0ри како средство за закана и уцена.
Јавниот овбинител е должен да ја изврши функцијата на кривично гонење
При сосотојба на несоборливи факти и докази за случајот рекет, во јавноста веќе се подгрева сомнеж дека не се покренува кривична постапка против Катица Јанева и другите инволвирани лица од власта, со цел да се амортизира јавниот револт и да се создаде атмосвера за релативизирање на случајот. Да се искористи своето влијание врз јавен обвинител, кој со тоа се согласил, за да се олесни положбата на осомничено лице и на интерфон да се слуша неговиот глас, незнам уште какви докази се потребни за проширување на истрагата на главниот осумницчен. А еве сега излегува на видеклина дека го загубила едниот телефон! Тоа значи дека доказите почнуваат са исчезнуваат, а да не говорам за влијаниењто врз оштетените, сведоците и уништување на материјалите.
Секогаш кога СДСМ е на власт, во државата се случуваат огромни криминални афери на кои може да им позавиди и сицилијанската мафија. Ова мега афера РЕКЕТ, многу ми наликува на грабежот на пирамидалната штедилница ТАТ од Битола. И тогаш, од Собраниската говорница во 1997 година тогашниот претседател на СДСМ и претседател на Владата Бранко Црвенковски се колнеше во СДСМ и во “Св. СДСМ” дека ќе ја сече главата на октоподот. Но само толку, и тогаш никој не одговараше за таа афера во која настрадаа неколку десетици илјади граѓани од кои беа опљачкани над 120 милиони долари. Одговараше само Соња Николовска за прикривање на дакок, а министрите во трењерки останаа негибнати!.
Денес се повторува истото. Сегашниот претседател на СДСМ и претседател на Владата Зоран Заев не верува во клетви и не се колне како неговиот предходник. Нему му се својствени лагите, а лагите и клетвите не одат заедно.
Во секоја нормална демократија за ваков мамутски скандал на РЕКЕТ секоја Влада ќе поднесеше оставка
Лажливецот и велепредавник Зоран Заев не само што не поднесе оставка, туку го дефокусира вниманието на јавноста со изјавите дека се гордее со тоа што ќе биде запаметен во историјата како лидер кој го сменил името на Македонија и дека Македонија крадела историја од Европа и соседите. Муртинскиот филозоф мора да го одработи ветеното. За неговата “гордост” ќе дојде време кога ќе мора да положи сметка за тоталното велепредавстцво и цeлосно обезличување на македонскиот народ.
Еден од најдобрите современи македонски поети РАДЕ СИЛЈАН во стихозбирката ”Бакнежот на судбината” издадена во јануари 2019 година, во песната Некој на вратата долго тропа, ја опејува судбината:
Во ноќите темни
Некој на вратата
Долго тропа
Дали е залутан патник
Или човек од друга планета
Има змиски очи
И рогови на глава
Млечни заби
И начулени уши
Во ниедно доба
Сонот ми го краде
А јавето ќе каже
Тоа е новиот Македонец
Од сенката своја што бега
Таков е секој безбожник и безкичмењак накитен со лаги кој плука по својот народ, неговиот идентитет и неговите корења.
Дали е тоа новиот Македонец од сенката своја што бега.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.