Михајло Маневски

На очиглед на целокупната македонска јавност, криминалот и корупцијата достигнуваат небески височини. Корупцијата на власта стана составен дел на животот. Живееш со корупција, страдаш од корупцуија и умираш со корупција. Корупцијата и организираниот криминал ги подкопаа темелите на државата и ја доведоа до банкрот. Ова корумпирана власт на државно и локално ниво ги уништи сите надежи на граѓаните дека конечно во Македонија ќе завладее правото и демократијата. Од тоа нема ништо, остана само пустиот сон за доаѓање на животот. Но, животот не дојде за народот. Дојдоа бедата и страдањата на осиромашените и понижени граѓани.

Дојде животот, ама за кого? Дојдоа златни времиња за кланот ЗАЕВИ, господари на Македонија, на Шекериновци, Спасовци, Димитровци, Шилеговци, на бегалецот од власта Анѓушев, на Филипче, на многу директори и аздисани градоначалници арамбаши.

Овие властодршци предводени од Зоран Заев и вршхушката окулу него, не само што и го сменија личниот опис на државата, туку како непрокопсани дечишта ја задолжија државата дури со 58% од бруто домашниот производ, со тенденција тоа да го прават и понатаму, со единствена цел да ја задржат власта. Ненаситни и алчни, ја задолжија и третата генерација, која ќе мора да ги враќа лудориите и криминалите на оваа ненародна власт. Растураат и безразложно трошат незаработени пари како да се алајбегова слама. Баснословно се богатат. Фрустрирани и неизживеани, уживаат во луксузен живот, со скапи автомобили и јахти, дузина скапи мотори, станови и куќи за одмор, деловни објекти, замјишта и згради, уживаат висок бренд, со кој ги заменија селските манири. Тие се чести посетители на најмонденските и најскапи летни и зимски туристички центри. Живеат на висока нога и се богата на грбот на народот кого го пљачкаат.

Република Македонија стана центар на мафијата, дрогата и рекетот. За неполни 2 години, среде бел ден во Скопје се извршени десетина оружени грабежи на банки, бензински пумпи, апотеки…Криминални банди вооружени со тешко автоматско оружје, булеварите во Скопје ги претворија во арени за меѓусебна пресметка. Чести се смртните случаи од пресметките на подземјето, но за жал сторителите долго време остануваат неоткриерни. Тоа преставува огромна опасност за сигурноста за животот и имотот на граѓаните.

Македонија веќе одамна не е сугурно место за живеење. Со Македонија владеат тешки криминалци банди сконцентрирани и во врвовите на власта. Ова што се случува е бетер и од дивиот запад.

Заробени јавни обвинители срам за професијата

И додека народот крвари од тешкиот терор, сиромаштијата и пљачкосувањето, ападнати и од тешката епидемија, институциите што треба да ги штитат неговите слободи и права се целосно поробени и ставени во канџите на власта на Зоран Заев и врхушката окулу него. Тие сакаат да владеат со насилие и криминал и при тоа никој да не им пречи. Сакаат сè да држат под контрола и да биде под нивна команда.

Јавниот обвинител е единствен и самостоен одрган на кривичното гонење на кривичните дела и нивните сторители. Ја вршат ли ова функција јавните обвинители самостојно и одговорно и со целосло почитување на принципот на легалитет?. Според овој принцип, секој што сторил кривично дело мора под условите предвидени во законите да биде опфатен со кривично гонење, независно од политичката, имотната или било која друга положба во општеството.

До кога Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Јовевски ќе биде приврзок на власта и ќе постапува по диктат на владејачката партија и Зоран Заев? До кога ќе постапува по наредбите на Зоран Заев? Тоа е срамно за еден јавен обвинител кој треба да биде чувар на закониотоста. Се додека не се ослободи од тие канџи, нема да има никакви резултати во спречување на корупцијата и организираниот криминал во Македонија. Ваков Јавен обнинител на граѓаните на Македонија не им е потребен и треба веднаш да си замине од функцијата. Таков јавен обвинител му е потребен само на Зоран Заев и неговата клика, да ги штити од криминал и да не покренува постапка против нив за сторени очигледи тешки кривични дела.

Колку лица за овие три години се осудени или се опфатени со кривично гонење од редот на актуелните носители на функциите на власта за тежок организиран криминал, со кој се гуши Македонија? Кој му даде право на јавниот обвинител да ги амнестира од одговорност за најтешки кривични дела на велепредавство, рекет и корупција од големи размери? Се забашоти и кардиналниот уникатен случај РЕКЕТ. Се пресече и се отвори само едно делче. Така е кога не сакаш да ја откриеш вистината, туку сакаш да ги заштитиш и прикриеш властодршците креатори на рекетот. Се скрија и организаторите и реализаторите на ова рекетарско дело. Се сведе на периферијата. Не се најдоа парите, неможела да се најде торбата!? Кого сакаат да го прават недоветен?

Денес живееме со корона криминалот и корона Уредби со законска сила и Одлуки за масовен подкуп на избирачи од големи размери. Буџетот се празни под маска на социјална подршка за партиски цели. За окулу три месеци е создадена дупка во буџетот од над 200 милиони евра која се шири како вулкански кратер со опасност сите да не голтне како жтрви на една налудничава цел на Зоран Заев, по секоја цена да се освои власта.

Каде отидоа парите? Ќе се заинтресира ли Јавниот обвинител и ќе побара ли да се провери како се трошат народните пари за политички цели. Сè е сведено на терор, измами, уцени, рекет и тортура, со единствена цел по секоја цена да се добијат изборите.

Скоро три месеци “прибавуваат податоци” за она крајно неодговорна директорка на клиниката за дерматологија Нина Билјановска Цаца која 3 недели ја затвори целата клиника и 200 луѓе не рабореа, а 5 лекари се заразија со корона вирусот. Што се чека?

Ќе одговара ли Оливер Спасовски кој на плоштадот во Куманово на голема група граѓани, а не најмногу дваица, без никакво растојание и повеќето без маски, дели флаери? Како може да се верува дека овој технички премиер ќе спроведе кредибилни избори, кога едно говори, а друго прави.

Кланот ЗАЕВИ, како наводни добротвори и СДСМ веќе два месеци буквално ораат во повеќе градови и населените места и делат некакви картонски кутии со помош. Тоа што го прават не е никаква помош, ку масовен подкуп на избирачи.

Колку време му треба на Јавниот обвинител од Струмица да прибави документацијата за тоа од каде и какви стоки се набавени. Зошто не се бара веднаш таа документација. Документацијата за толку голема количина на стоки предмет на подкуп, мора веднаш да се пронајде. Документацијата била кај Заеви! Што се чека, зошто не се одземе веднаш или Заеви се имуни од одговорност? Мора да се утврди кога и од кого се набавени стоките, дали се платени или се добиени од рекетирани фирми кои ќе бидат “платени” на друг начин надвор од законот. Мора веднаш да се утврди поединечно секој вид на стока и вкупната количина на стоки и нивната финасиска вредност. Незнам што чека пазарната и здравствено – санитарната инспекција и Управата за јавни приходи, кои се должни тоа да го утврдат по сопствена иницијатива или по барање на јавниот обвинител.

Колку време е потребно на Јавната обвинителка Лидија Ѓорѓиева да го испита случајот и да ја прибави документацијата и да ги утврди фактите? Два месеци не се доволно? Се плаши ли да тропне во домот на Зоран Заев, кој стои зад сето тоа? Се сомневам дека тоа нема да го стори ниту за две години. Незјзиниот сопруг струмичанецот Наќе Ѓоргиев во 2017 е избран за претседател на Апелациониот суд Штип, а во март 2020 година за судија на Врховниот суд на Македонија. Тоа е претседателот на судот што на меѓународниот шверцер Боро Стојчев, пријателот на Зоран Заев, кој со целата фамилија шверцуваше цигари, казната му ја намали од 18 на само 6 месеци затвор. Тоа не е казна за овој превејан шверцер градоначалник на Ново село кој е три пати е осудуван, туку награда.

Утврди ли јавниот обвинител како тоа се делат стоки во картонски кутии и пред да биде осована фантомската невладина организација “Сите заедно можеме“? Бескруполозно лажат дека примател на донацијата била ова наменска фантомска невладината организација. Кој го утврди јавниот интерес согласно Законот за донации и спонзорства, каде е решението за тоа од Министерството за правда. Ова сето што се прави е дива лига? И, додека бесрамникот лакажицец Костадин Костадинов по налог на недговиот ментор дели пакети по однапред осмислен план по маала, по села и градови и подкупува избирачи и во полициски час се полнат кутии, неговиот наредбодател изрод и велепредавник Зоран Заев со неговата тајфа со скапи мотори се шета по патиштата на државата која ја направи арамбашија.

Се повторуваат ли времињата кога најголемите мафијаши и злосторници беа најголеми донатори, кои на тој начин переа валкани пари, ја подкупуваа и ја освојуваа власта и си ја переа совеста. Љубителот на власта Зоран Заев не е љубител законите.

Јавни обвинители, вршете ја должноста или фрлете ги тогите. Должни сте да ги заштитите граѓаните и општеството и да го спречите дивеењето на криминалот и беззаконието. Вашето континуирано молчење го зголемува сомнежот на зависност и ја зголемува вашата одговорност. Ако не сте кадарни тоа да го сторите, чесно е да си заминете од функцијата.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.