Заевската диктатура не престана да сее заблуди, лаги и мачни етно-психози. Знам, во изминативе за Македонија најтрагични три години премногу добра и скапоцена креативна и работна енергија е потрошена, и сѐ уште се троши на реакции и одговори на секакви северџански дневнополитички спинови, провокативни измислици, ступидни изјави и други будалски работи што секојдневно, па и од час во час, оттаму, откај нив, со лопати се уфрлуваа во кревкиот и ранлив македонски јавен простор, само со цел што повеќе да се заматат општествените води, зашто во матното најуспешно се манипулира и најдобро се лови.
Спомнете си само колку подмолни нешта, лансирани од насилно и незаконски наметнатата, квислиншка и големоалбанска заевска власт и нивната сателитска колатерала, колку безочни лаги, колку ли бесмислици без какви и да е аргументи и упоришта во реалноста се искажани, колку ступидарии без вистинско значење и суштинска последователност се направени, со цел упорно, без прекин да го малтретираат, до крајност да го исцрпуваат и да го застрашуваат обичниот македонски граѓанин, и од темели да ги разнишуваат демократските структури и државните институции! И притоа најголемиот дел од нив едноставно поминаа и исчезнаа под радарот на официјалната јавност, без каков и да е посериозен одговор или реакција, освен со по некој краток твит или пост на фејсбук, но затоа цврсто, како чички, се закачија за површните влакнести уши на оние кои беа способни да го чујат само она за што беа идеолошко-политички баждарени, за потоа како вирус да го разнесуваат и да го дистрибуираат од уста до уста, од уши до уши.
Сепак, не можеме на сите тие нивни свинштини, на сите нивни навреди, понижувања и на потценувањето на здравиот разум секогаш само презриво да одмавнуваме со раката и да велиме ”ма, пушти ги, кретени низаедни”. Нужно е одвреме – навреме и да им возвратиме: пред јавноста, па и пред нивните заблудени политички верници и следбеници да им ја симнеме маската од дебелокожното претенциозно глупаво лице.
Веројатно веќе заклучивте дека насловот на колумнава го доведувам во логична врска со професорот на Правниот факултет ”Јустинијан Први”, Тони Дескоски. Тој „господин”, како современ ултрасеверџански „мудрец” со заевска „црпка” на вратот, со доза на најприземна маалска надуеност и агресивност деновиве изјави дека нашето знаме било „северномакедонско”. Ок, црпките и црпнатите само така и можат да „мислат”, но кога се обидуваат своето „мислење” безобразно да го наметнат како универзална вистина, а посебно да ни го наметнат нам, онака ex cathedra препотентно, е тогаш ќе мораат да се погледнат и во нашево огледало. А таму, замислете, наместо надуен универзитетски професор, се гледа само една обична, мултиклонирана, надуена муртинска црпка што си разговара со себе самата.
За жал, први на удар на неговото епохално „мислење” се студентите на кои им предава, па затоа најнапред токму ним ќе им се обратам.
Почитувани студенти, како идни претставници на правната професија во Република Македонија, нека овој трагикомичен случај на Тони Дескоски што го наведувам ви послужи како најочигледен и најтипичен пример кога еден сосема шашардисан ум, од една страна, и неговото интелектуално слепило и бедно полтронско „северџанско” лазање по земи, „блескотно” и „бомбастично” настапуваат „со здружени сили”. Да те фати уплав! Затоа, драги млади луѓе, бидете многу претпазливи да не ви се случи професорот да ви ги инфицира умот и душата со својот опасен ступидо-синдом, и особено со применувањето на неговите плитки софистички „мисловни” постапки и методи, и изведување хермафродитски заклучоци од бесмислени, инкомпатибилни премиси, т.е. со докажано неетички методи и принципи, што уште во античко време ги осуди и ги отфли еден од најголемите светски хуманисти, и една од најморалните личности што ни ги подари човечката цивилизација – Сократ. Таа своја благородност и најдлабока етичност Сократ ги плати со сопствениот живот, но, еве сега, две илјади и четиристотини години подоцна, во услови на оваа неподнослива умоболна заевска диктатура, Тони Дескоски се „досетил” повторно да нуди еден апсолутно сигурен модел како најлесно да „преживеете” и „да напредувате” во недржавата „северџанија” како морални инвалиди, со скршена кичма и со самопогазено национално достоинство. Сепак, јас најискрено верувам во вас, во вашата вдахновена младост, и во тоа дека со ширум отворени очи и во вистинската светлина ќе ја видите таа квази-интелектуална креатура што приземно се движи на своите хиперидеологизирани кратки северџански нозе, а притоа е и комично накитена со професорска титула.
Имено, тој Тони Дескоски, цврсто потпирајќи се врз живите искуствата од своето најблиско шаралатанско, заевско, северџанско окружение, си претпоставил дека нивното заедничко национално „кокошкино слепило” ја карактеризира и целата македонска нација, па се обиде, на сметка на еден од најважните државни симболи, нашето македонско знаме, да ни протурка една кутра софистичка досетка и плитка игра на зборови за да нѐ фасцинира и да нѐ восхити. Но она што навистина восхитува и фасцинира, тоа се длабочината на интелектуалниот понор на таа и таква заевска велепредавничка „дај-газ-филозофија” и моралната тиња на најдолното дно до кое може да падне само човек толку смртоносно затруен од омраза кон сопствениот народ и кон сопствената држава.
Имено, тој северџански „лингвист” под хипноза, за да го аргументира своето многу значајно „лингвистичко” „мислење” дека не постои македонско знаме туку само „северномакедонско знаме”, се провикна од заевските велепредавнички чардаци: „Отвори си Правопис на македонскиот литературен јазик: знамето на Македонија е северномакедонско знаме”.
Oops!!!
Па, оваа реченица е најобичен месечарски северџански фалсификат, а фалсификаторот Дескоски е фатен на дело.
Прво и прво, насловот на правописот на кој се повикува и на кој нѐ упатува тој „црпка-лингвист” Дескоски гласи “Правопис на македонскиот литературен јазик”, а не „Правопис на севеномакедонскиот литературен јазик”.
Второ, последниот објавен „Правопис на македонскиот литературен јазик” е од 2017 година (второ издание), кога уште абер си немало за ступидното троделно име на новосоздадената заевска вештачка државичка, па никако ни не можело таму да пишува „северномакедонско знаме”.
Тоа значи дека „црпка-лингвистот” Дескоски е најобичен безобразен фалсификатор и дрзок лажливец, кој притоа, проширувајќи го своето „научно докажување”, испреплетка и исконструира уште цел еден куп будалски надри-социо-етно-лингвистички „толкувања” само за да нѐ увери дека македонското знаме никако не е македонско знаме, туку е и може да биде само „северномакедонско знаме”. Колку ли е страшно да живееш со таков ментален хаос и со таков политички гнилеж во главата!
„Господине” Дескоски, дури кога „најугледниот” ваш заевски, црпнат северџански подлизурко-лингвист Људмил Спасов ќе ви напише „Правопис на северномакедонскиот литературен јазик”, и кога ќе го објавите, тогаш можеби во него ќе стои и поимот „северномакедонско знаме”. А тоа ќе биде на Куково лето!
За да се покаже уште и духовит и супериорен, „црпка-лингвистот” Дескоски сака и „мајсторски” да поентира над целиот македонски народ со една ваква софистичка досетка: „Може да се живее во негација, но некои луѓе негираат дека земјата е тркалезна…”
Во ред, но, еве, и неколку примери кои покажуваат дека „црпката” на спомнатиот „мислител” Дескоски не ги зела во предвид сите „филозофски” можности. Заради поголема сликовитост ќе ги парафразирам и „стилот” и истите негови основни премиси, за да се види колку е ли(з)гав и неограничен софистичкиот терен по кој тој така вдахновено и до занес заевски јазикословно се растанцувал:
Пример бр. 1: „Црпката може да си живее во негација дека е црпка, но некои луѓе негираат дека земјата е тркалезна…”
Или пак:
Пример бр. 2: „Црпката може да си живее во негација дека има Македонци, но некои луѓе негираат дека земјата е тркалезна…”
Или пак:
Пример бр. 3: „Црпката може да си живее во негација дека постои македонскиот јазик, но некои луѓе негираат дека земјата е тркалезна…”
Или пак:
Пример бр. 4: „Црпката може да си живее во негација дека постои македонско знаме, но некои луѓе негираат дека земјата е тркалезна…”
Гледате, во тоа е проблемот со „црпките”: во нив нема ништо што би можело да биде барем глупаво, а сепак самоуверено претендираат на тоа да се претстават како мудри и духовити „линвистички црпки”, суперспецијализирани за македонскиот литературен јазик, и особено за нашето убаво македонско знаме, силно, заштитнички развеано над духот и над душата на македонскиот народ.
Никогаш Северна – само Македонија!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.