Михајло Маневски
Градежната мафија на СДСМ и ДУИ функционира беспрекорно. Државата е претворена во градилиште на бесправно градење на станбени, деловни, и други објекти. Масовно се гради без одобрение или спротивно на одобрението. Насекаде никнуваат диви градби пред очите на власта, која ништо не презема тоа дивеење да го спречи. Гради кој сака и каде сака, без никаква контрола. Во градежништвото владее вистински хаос. Цвета градежната мафија со целосна подршка на владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ. Тие само си ги штитат интересните свери и не дозволуваат никој да им ги наруши.
Министерстото за транспорт и врски и Министерството за животна средина и просторно планирање се залутани во бесзвоздушен простор и лебдат некаде во вселената. Нема никаква намера да се спроведе закон, да се почитува норма или да се изврши контрола. Градежните и урбанистичките инспектори и инспекторите за заштита на животната средина служат само како декор на законите и тие се немоќни пред налетот на политичките интереси и политичката доминација врз законите. Институциите се немоќни да се борат против моќната мафија, која има подршка во врвовите на власта на доминантната политичка номенклатура на ЗОРАН ЗАЕВ и АЛИ АХМЕТИ. Се е сведено на гола политика. Замижи и биди слеп при очи, додека без одобрение се градат и никнуваат огромни објекти на државно земјиште. Државно земјиште се узурпитра и сериозно се деградира и нарушува животната средина и природата. Џабе се закони, кои не се спроведуваат. Не вадее правото, туку владеат само мафијашките интереси. Владее молк и само молк, до кога?
UNESKO го препозна и го утврди урбаниот хаос во Охрид
Наместо Владата на Зоран Заев, неспособните министри Горан Сугаревски и Садула Дураки и градоначалниците и Советите на општините Охрид и Струга, UNESKO го препозна масовниот неконтролиран урбан развој на Охрид, несоодветно урбано развивање, експлоатација на брегот на Охрисдкото езерото и зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина.
Со денови и со недели смислено се палеше и гореше трската на брегот на Охридското езеро во струшко и охридско. Се уништија огромни површини на трска, се наруши еко-системот и се загрози животниот и растителниот свет на езерото. Беснееше дивеење и уништување на животната средина и природата. Министерството за транспорт и врски и Министерстото за заштита на животната средина и прородата беа само неми наблудувачи, исто како и градоначалниците и Советите на општините на Струга и Охрид. Министрите Горан Сугаревски и Садула Дураки и неговиот заспан заменик Јани Макрадули. Никој не преземаше ништо, освен што се редеа празни ветувања и пароли. Никој не беше повикан на одговорност и сите бегаа од надлежноста да ги извршуваат законските обврски. Никој не беше макар задржан или притворен за вакво тешко и неповратно уништување на животната средина и природата. Сеуште никој не е земен на кривична одговорност и не е осуден, а како стојат работите, нема шанса тоа да се случи.
Во центарот на ОХРИД бесправно се гради објект кај Чинарот од страна на советник во општината Охрид, кој ги навредува и омаловажува испекторите кои се обидуваат да ја спречат ова незаконитост. Посилна беше потребата на кандидатот за градоначалник за гласови за избор, одколку да се спроведе законот и спречи дивоградбата на тој советник моќник негов придружник. Пред очите на граѓаните на Охрид без одобрение се гради минаре на верски објект во центарот на градот, баз никакви последици. Објектот ќе се градел со дијалог, ги охрабри прекршителите на законот премиерот Зоран Заев. Градоначалникот Константин Ѓоргиевски дури се прави недоветен дека незнаел дека се градел таков објект!? Зошто не се побара одобрение за изградба на минарето и зошто тоа се прави насилно и нелегално, уште повеќе што објектот се градел со странска донација? Уште еднаш се потврди дека не владеат законите, туку насилството врз законите.
Во месноста ЛАГАДИН се гради хотел во заштитената зона до самото езеро. Хотелот е веќе се изграден во карабина. На ова незаконие му кумуваше претседателот на Владата Зоран Заев кој при посетата на Охрид во предизборието се закани дека во Охрид ќе ја носи второстепената комисија за жалби во управна постапка, со ветување таа комисија да одлучи со ДА, да се гради хотелот, а не со НЕ, да се спречи незаконската изградба. Зоран Заев, како врховен узурпатор се става над законите. Како тогаш може да се очекува почитување на законите и владеење на правото?
Во непосредна близина на окулу 100 метри од брегот на езерото во Охрид е изградена и функционира асвалтна база.
Од окулу 500 дивоградби во Охрид, ниту една не е срушена или не е преземено ништо за воспоставување на нарушената законитост. Градоначалникот Константин Ѓорѓиевски ги дигна багерите да ги корне палмите, а не да ги руши дивоизградените објекти или објекти кои и сега се градат. Удри по палмите, како периферна забелешка од УНЕСКО, кои веќе се адаптираа и ништо не нарушуваат, туку го збогатуваат крајбрежјето на езерото.
УНЕСКО подолго време укажува на сериозни проблеми во Охрид и Охридското езеро и можноста од губење на статусот на заштитено подрачје. Како резултат на негрижата и неспособноста на Владата на Зоран Заев, за прв пат после 1979 година постои реална опасност Охрид да биде ставен на листата на загрозено светско културно наследство и да се најде во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбекистан. Ова негрижа не смее да помине без одговорност. Да им е срам и арам, напиша една поранешна пратеничка од СДСМ на својот профил.
Градежната мафија беснее насекаде
Матните бизнис зделки на градежната мафија се присутни насекаде во државата. Масовно се кршат одредбите од Законот за градење. Правило е во државата да се гради без одобрение или спротивно на одобрението, без никакви последици. Се загрозува и културното наследство и животната околина и природата. Ништо не е важно, важен е само мафијашкиот профит, кој најдобро се постигнува во спрега со власта на локално и централно ниво. Тоа, без исклучок, успешно се постигнува само со дебела корупција.
Тој длабок мафијашки бунар го потврдуваат некоки случаи од практиката:
Во СТРУМИЦА на локалитетот Цареви кули, тврдина од 11 век, како заштитено подраје на културно наследство, без одобрение се изградија и незаконито се легализираа повеќе угостителски објекти. Блеснаа незаконито изградени и незаконито легализирани угостителски објекти, кои го нарушија целокупниот амбиент на заштитеното културно наследство.
Матната градба на локалитетот на поранешните касарни во Струмица на кланот Заеви има тенденција да се сокрие, иако се работи за сомнеж за тежок криминал од големи размери.
Во ТЕТОВО масовно се градат дивоградби. На падините на Шар Планина на патот кој води спрема Попова шапка и Тетовското кале “никна” цел град од дивoградби надвиснат над Тетово на узурпирано државно земјиште. Без одобрение за градење се изградени повеќе од стотина станбени и деловни објекти со многу голема површина. Се нагрдува планината, се пустоши шумата и се нарушува човековата околина. Се загрозува и сигурноста од одрони, клизишта и неконтролирано фршање на градежен шут и ѓубре насекаде. Сето тоа е изградено на очиглед раководните одговорни лица во Општината Тетово и Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина и просторно планирање. Никој од овие органи не презеде никави мерки за спроведување на законот за градење и за примена на Кривичниот законик кој предвидува ва посебно кривично дело Бесправно градење од членот 244-а, за кое дело е превидена казна затвор од 3 до 8 години и потешка казна за квалификуван облик на делото.
Општина Тетово објави оглас за избор на фирма за рушење на дивоизградените објекти за 6,5 милиони денари, но тоа остана само на хартија. Не се преземени никакви мерки, ниту некој одговарал за сторено кривично или прекршок и ништо не е срушено.
Во општина АЕРОДРОМ во Скопје, во трговскиот центар ТРИ БИСЕРИ, под маска на урбана опрема, една пекара за бели пецива од Скопје, без одобрение изгради деловен простор од бетон, челик и стакло од окулу 200 м 2. Иако е утврдено дека се работи за објект изграден без одобрение, и после 10 месеци објектот работи и никој не презема никакви мерки, ниту градоначалникот на Општина Аеродром, ниту градоначалникот на град Скопје. Сите тие се прават ненедлежни. Сега е во мода, неспособноста и опструкциите да се спроведе законот да се правдаат со ненадлежност, но и да се прикријат криминални и корупциски кривични дела.
Во општината САРАЈ, во кањонот МАТКА, заштитено подраје со Закон, во водата се градеше и се изгради ПЛАТФОРМА, со придружни објекти, која веќе е подготвена за пружање на угостителски и други услуги. И во овој случај никој не прифаќа дека е надлежен, ниту градот, ниту општината, кои се препукуваат меѓу себе, но никој не презема никакви мерки и не го спроведува законот за дивоизграден објект во заштитено подрачје.
Штитејки ја градежната мафија власта врши жесток удар врз слабите и немоќните
Градежната мафија е под сигурна заштита на власта. Во супштина градежна мафикја е самата власт. Затоа никој не ги ферма ниту инспекторите, ниту донесените решенија за запирање или одстранување на дивоградбите. Власта е селективна, а со цел да ја заштити градежната мафија врши жесток удар врз слабите и немоќните.
Како илустрација, ќе наведеме само еден пример со какви методи се служи власта на коалицијата на Зоран Заев и Али Ахмети:
Според известувањето на СВР Охрид, струшката полиција поднела крицвична пријава против С.И. на возраст од 82 години од струшкото село Подгорци за кривично дело Бесправно градење од членот 244-а од Кривичниот законик. Имено, кривичната пријава притив 82 годишниот старец била поднесена поради тоа што без одобрение во неговиот двор во селото градел цокле за поставување на дворна ограда во висина од 0,35 см. и должина од 6,5 метри. Веста е за рубриката верувале или не и за гинисовата книга. Овој старец може да биде осуден на долгогодишна робија за изградба на едно цокле од 35 сантиметри, но затоа пак тие што градат огромни станбени и други објекти остануваат неказнети.
По слабите и немоќните власта удира сурово и жестоко. Зошто не е поднесена кривична пријава за бесправно градење на стотици станбени, угостителски, деловни и други објекти од повеќе илјади метри квадратни на државно земјиште во Охрид, Струга, Струмица, Скопје, Тетово и други места за масовно бесправно градење и уништување на култното наследство и природата? Зошто власта има ваков аршин и удира по слабите и немоќните, а ги штити моќните мафијашки структури кои се во спрега со власта, заснована на криминал и корупција.
Кога ќе се сузбие овој опасен криминал, беззаконие и самоволие? До кога ќе се прикриваат и толерираат сторителите на тешки кривични дела и високата корупција на фиункционерите на власта? Се додека доследно не се применува законот, државата и натаму ќе тоне во корупција и ќе наликува на дивоградба насекаде окружена со ѓубришта и депонии.
Вака во Европа не се оди. Европа бара правда и владеење на закон, а пред се, тоа го бараат граѓаните на Македонија. Ова власт не може да си го исчисти ѓубрето од дворот, а камо ли да ја уреди државата во која ќе владеат правото и законите.
Од ова власт која ја тешко ја криминализира државата и ја доведе до стечај со прекумерни задолжувања без никакви ефекти, неможе ништо добро да се очекува. Ова Влада треба што поскоро да си замине.
Треба да се почне од главата, од каде што смрди рибата. Зоран Заев и неговата Влада ако имаат и малку доблест и чувство на одговорност спрема народот, веднаш си дадат оставки и да се распишат предвремени парламентарни избори, Само тоа може да биде стпас на Македонија од ова ненародна корумпирана власт.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.