Браќа и сестри ветерани на ВМРО ДПМНЕ, на 15ти јули заокружувајќи го бројот 14 да викнеме со глас голем, да нé чуе народ предаден, да знае Европа, да разбере светот ИМА МАКЕДОНИЈА
Ова не е повик од најрелевантниот Христијан Мицкоски, ниту од ВМРО ДПМНЕ или авторот на овој текст.

Ве повикува македонскиот обесправен и напатен и пoсрамотен граѓанин, ова е крикот на пролеаната во потоци света крв на нашите јунаци кои го дале својот живот за Македонија, ова е гласот на светите мошти нивни кои нé потсетуваат нас, благородното им миро што тече од нивните коски и черепи да ја натопува македонската земја, а не таму на некоја прекрстена и за нив туѓа непозната почва, ова е за патоказ на идните генерации пред кои треба да се отсрамиме, ова е
љубовта што ја имаат патриотите, уставобранителите кои и ден денес гнијат во затворите на ова анти народна власт и конечно е повик од МАКЕДОНИЈА.

МАКЕДОНИЈА ве повикува затоа што во овој миг е загрозен нејзиниот опстанок. А, кого да викне ако не вас ВЕТЕРАНИТЕ во кои најмногу верува. Сепак со нас многу полесно ќе се исправи. Но ќе се исправи и со нас и без нас ама како? Сигурно потешко. Македонија ќе се исправи, ама срам голем ќе е и разочарување Македонија да се исправи, а ние да останеме свиткани. Исправена
Македонија, исправени ветерани, тоа е она како нé личи. Така ќе биде!

За жал, честопати низ историјата, посебно последниве 2-3 години нé водат типови од редот на неразвиени живи суштества, влекачи, без’рбетници и зглафкари, кои за да се поуверливи пред нас и пред светот и за да го докажат своето потекло, ред и низок стадиум на развој, така и се облекуваат.
Кондури од крокодилска кожа, Луј Витон ташни, куферчиња и други модни комплетчиња од змиска кожа, ѓердани и гривни од лигави мекотели и незаобиколното модно парче – духот на најомразените гуштерчиња Камелеонот.

Зарем ти, почитуван ВЕТЕРАН, украс на единственото разумно суштество кое го создал Господ ќе дозволиш најскапоценото уметничко дело, единственото што го имаме, а го создал нашиот народ да стане музејски експонат или храбро ќе застанеш пред предизвикот простум и ќе овозможиш вечен опстој на нашата татковина Македонија, топол дом за сите граѓани без оглед на вера, етничка,
родова и национална припадност.
Знам, многу од вас кои се колнеа во нашето свето тројство: камата, пиштолот и евангелието, некој симболично, некој романтично, повеќето вистински. Заклетвата на крајот гласи: „Ако ја предадам организацијата или Македонија да бидам убиен од овој пиштол или прободен од ова кама“.

Гледаш, заклетвата се однесува на нас кои сме гаранција за вечниот опстој на Македонија, македонскиот народ и ВМРО ДПМНЕ. За среќа, тие времиња одамна се отфрлени од нас, никој никогаш нема да страда, а зборот “насилство“ повеќе не постои во речникот на ВМРО ДПМНЕ. Ама жртва сепак ќе има.

АКО ОСТАНЕМЕ ДОМА ВЕТЕРАНИ МОИ ЌЕ ЈА УБИЕМЕ МАКЕДОНИЈА.
Ние ВЕТЕРАНИТЕ од кога сме внедрени и сраснати со Македонија имаме судбинска улога за прапочеток, како вечен наш сопатник.
Тоа е заради тоа што предавниците и хероите во Македонија патуваат паралелно, само што на првите, проколнатите патот им е полесен, а крајот ужасен, додека нашиот е тежок, трнлив, преполн со сопки, но секогаш завршува со триумф над злото.
МАКЕДОНИЈО! Те сакаме!
МАКЕДОНИЈО! Те сакаме најмногу кога треба НИЕ да ти дадеме барем дел од долгот што никогаш не можеме да ти го отплатиме, мајчице наша МАКЕДОНИЈО – Мајка на сите Мајки.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.