Михајло Маневски

Зоран Заев најави воведување на тотална политичка цензура

Просто е невероватно тоа што денес го најави Зоран Заев. Исплашен до коски од секојдневни огромни криминални скандали, тежок организиран криминал и галопирачка корупција, удри по медиумите и слободата на изразувањето. Најави донесувње на Ациски план на Владата за заштита на демократијата и спречување на лажните вести и дезинформации. Овој Акциски план Зоран Заев го најавува во време кога уште не почнал да се расплеткува огромниот скандал на државен рекет од огромни размери, навлезен во највисоките функции на обвинителстството и политичката власт. Оваков рекет на огромен број бизнисмени со уцени од незаконито прислушувани телефионски разговори не е забележан во аналите на судската криминалистика. Ова власт на Зоран Заев и СДСМ барем има со што да се пофали, а тоа е високо развиениот софистициран криминал.

Политичка цензура

Со Акцискиот план на Владата се воведува тотална политичка цензура. Според една верзија на науката, политичката цензура се јавува тогаш кога Владите прикриваат информации од сопствените граѓани. Друга верзија на цензурата е дека тоа е феномен на дезинформација кој користи “диверзија” за да им го одвлече вниманието на луѓето од контроверзни теми. Кај нас се присутни двата елементи на политичката цензура.

Мотивот за донесување на ваков Акциски план, како изјави Зоран Заев, бил затоа што во “земјава во изминатите две години во повеќе наврати се соочила со масовно ширење дезинформации на социјалните мрежи и на традиционалните медиуми”. Во планот биле опфатени безбедносни и проактивни мерки.

Чудно е тоа, како во замјата во време на владаеење на Зоран Заев и СДСМ во последните две години, кога државата доживеала најголемиот успех во развојот на општеството и кога процветала демократијата, се појавиле масовни дезинформации и напади на демократијата!? Само пред неколку дена Зоран Заев изјави дека апсолутнио се е променето и ние сме веќе нормална европска земја. Овие две работи никако не одат заедно. Од една страна пупка држава, а од друга страна провалија. Што е вистина? Ако се е променето и ако сме веќе нормална европска земја, зошто се преземаат вакви нерки? Вистината е дека со мерките што треба да се преземат со Акцискиот план треба да се замолчат граѓаните, да не им се слуша нивниот збор, никкого да не смеат да критикуваат, не смеат да се жалат, а можат само да ја фалат власта и Зоран Заев. Затоа него му пречат социјалните мрежи и отворените телефони на медиумите, преку кои граѓаните, иако свесни дека ништо не можат да променат со ова ненародна власт, барем да си ја кажат маката да им олесни на душата. За граѓаните само толку, тие за ова власт се безлична маса.

Повреда на слободата на изразувањето и слободата на медиумите

Уставот на Македонија во членот 16 ја гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање. Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.

Според ставот 7 од овој член на Уставот цензурата е забранета

Во членот 3 од Законот за медиуми се гарантира слободата на изразување и слободата на медиумите.

Слободата на медиумите особено опфаќа слобода на изразување на мислења, независност на медиумите, слобода на прибирање, истражување, објавување, избор и пренесување на информации во насока на информирање на јавноста. Слободата на медиумите значи плурализам и разновидност на медиумите, слобода на проток на информации и отвореност на медиумите за различни мислења, уверувања и за разновидни содржини, а се гарантира достапност до информации од јавен карактер.

Слободата на медиумите може да биде ограничена само во согласност со Уставот на Македонија, а издавачот на медиум е самостоен во уредничката политика, во спроведувањето на програмскиот концепт на медиумот и е одговорен за своето работење согласно закон.

Со Акцискиот план се кршат сите овие Уставни и законски гарантирани права за слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Сите медиумуи, електронски и печатени, сите радија и телевизии и сите портали и социјални мрежи мора да се престројат и да внимаваат што пишуваат и што објавуваат. Тие мора да ја штитат “демократијата” на Зоран Заев и да не ја објавуваат вистината. Тие треба да ја фалат, а не да ја критукуваат власта, која се покажа дека нема минимум демократски капацитет да ги издржи основаните критики за катастрофалното криминално владеење.

Не требаше новинарите да пишуваат за масовниот непотизам, за криминалниот фонд за иновации, за октроисаниот Устав донесен со сила и закани за промена на уставното име на државата, за криминалните тендери, за капитулантскиот договор од Преспа, за неуставниот Закон за употреба на јазици, за галопирачката корупција и организираниот криминал. Не треба новинарите ништо да објавуваат за најголемиот скандал РЕКЕТ раширен на теритиријата на целата држава.

Не требаше да се објавува бомбта на Ел Чека, од која јасно се виде дека Зоран Заен не ја приложил оригиналната снимки за случајот во врска со смртта на Мартин Нешковски, која е скратена од 12,5 на 3,5 минути, со сечење и лепење. Тоа во секој случај, како нов доказ мора да предизвика повторување на кривичната постапка и во секој од случаите каде се предложени како доказ снимените разговори мора да се утврди нивната автентичност со вештачење, затоа што се утврдува дека се монтирани, сечени и лепени. На овој начин се попречува правдата со лажни докази и за тоа кривично се одговара. Не знам што чека јавниот обвинител при овакви очигледни докази. Проблемот на Зоран Заев е во тоа што тој не сака криминалите на власта да се објавуваат, туку треба да се премолчуваат.

Не треба новинарие да пишуваат и да објавуваат вести дека Зоран Заев е ГОРД на тоа што во историјата ќе биде запишан како лидер кој го сменил името на државата, не треба да пишуваат за небулозните изјави дека Македонија крадела туѓа историја. Не треба новинарире ништо да пишуваат за овој бесрамник кој се гордее со предавство на државата и народот.

Слободата на изразувањето е пред големо искушение и се прави обид да се стави во калап, во шаблон кој ќе го прави друг, а ако не си вклопен во тој шаблон, ќе ти го избришат тоа што си го објавил и ќе одговараш! Новинари се почесто се предмет на испитување во полициски станици. Се вршат силни обиди медиумте да се стават под целосна контрола.

Акциска група за заштита на демократијата и борба против дезинформациите

Сите новинари и уредници и сите медиуми, ќе зависат од едно тело наречено Акциска група за борба против дезинформациите. Тоа ќе ги спроведува таканаречените безбедносни и проактивни мерки. Акциската група ќе спроведува едукативна кампања за штетеното влијание на дезинформациите, ќе соработува со сите платформи на социјалните медиуми кои најчесто се користат за брзо ширење дезинформации. Владата ќе започне процес на креирање Национална стратегија за медиумска писменост, во чии рамки ќе бидат опфатени и активности на институции, медиуми и граѓанскиот сектор.

Како може со Акциски план да се пропишуваат и воведат некакви критериуми, кога тоа прашање се уредува со закон? Се оди дотаму што се предвидува да се воведат јасни критериуми за медиумите кои се акредитирани да ги следат владините настани и прес-конференции во согласност со стандардите на новинарската професија. Тоа е сосема јасно дека се отвара патот на одбрани послушници кои ќе поставуваат нарачани прашања.

Акциската група наликува на поранешната Ревизиона комисија на ЦК СКМ

Според составот, Акциската група наликува на поранешната Ревизиона комисија на ЦК СКМ, без која во медиумите не можеше ниту мува да пролета. Во Акциска група, ќе учествуваат претставници од канцелариите на премиерот, на претседателот на државата и на Собранието, од МВР, МНР, МО, УБК, Агенцијата за разузнавање и други институции ќе ги анализира и следи и појавите на дезинформирање на јавноста и ќе ја координира борбата против ширење на дезинформациите и заштита на демократијата.

Во групата има повеќе преставници од безбедносните служби, а нема ниту еден новинар!? Што ќе биде ова тело? Медиумско плашило за застрашување на уредниците, новинатите, медиумите и сите вработени во овој медиумската свера. Со какви мерки тоа ќе го чини ова акциска група и од каде ќе црпи овластувања?

Акциската група е владино тело и ќе ја раководи член на Владата – мнистерот без ресор Роберт Поповски, познат “медиумски демократ” со камшик во рацете и многу “омилен” меѓу новинарите.

Враќање на вербалниoт деликт и деликтот на мислење

Примената на вакви мерки на цензура во сверата на информирањето и нарушување на слободата на изразувањето и слободата на медиумите, незначи ништо друго туку враќање на голема врата на вербалниот деликт, на деликтот на мислење, насловен како непријателска пропаганда, кој едвај беше исфрлен од Кривичниот законик. За тоа дело беше предвидена казна до 10 години за секој кој што со напис, леток, цртеж, говор или на друг начин повикува или поттикнува на соборување на власта…

Во Кривичниот законик и во Законот за медиуми се предвидени заштитни мерки за остварување на гаранцијата за слободата на изразувањето и мерки на одговорност за повреда на тие права.

Кривичниот законик во членот 26 предвидува посебни одредби за кривичната одговорност за кривични дела сторени преку средствата за јавно информирање и кривична одговорност на одговорен уредник. Во членот 27 се уредува прашањето за кривична одговорност на издавачот, печатарот и производителот. Од Кривичниот законик се избришаа одредбите за навреда и клевета преку средствата за јавно информирање и се донесе законот за граѓанска одговорност за надомест на штета. Спрема тоа, не недостасуваат законски казнени одредби за повреда на правото на слободата на изразувањето.

Од тука, сосема е неразбирливо зошто се предвудва донесување на ваков Акциски план, кој претставува класична цензура врз средствата за јавно информирање? Целта е сосем јасна, да се залашат новинарите и уредницте и да се обесхрабрат да истражуваат и јавно да објавуваат информации од интерес за заштита на граѓаните и општеството.

Цензурата во 21- од век е анахронизам и недемокатски чин, со кој се повредуваат основните човекови права и слободи. Јавноста е регулатор на власта и највисокиот суд од кој никој неможе да побегне. Се лаже Зоран Заев и ова Влада ако мисли дека ќе го победи највисокиот суд на јавноста.

Тргнете ги рацете од медиумите и новинарите и оставете ги си ја вршат својата одговорна работа чесно и објективно во интерес на граѓаните.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.