Д-р Кирил Лазов

Јатрогенијата (ijatros-lekar), jatrogeno е постанок на оштетување на здравјето на болниот настанато како грешка на лекарот. Докторката Цаца свесно, смислено и со знаење направи грешка и го оштети здравјето на петмина колеги кои се докажани позитивни случаи инфицирани со корона вирусот.

Nomina sunt odiosa. Nulla regula sine exceptione.

Како што вели латинската изрека некои имиња и навистина не заслужуваат да бидат спомнати, но ниту едно правило не е без исклучок посебно кога оние кои најмногу треба да ги почитуваат правилата, први ги прекршуваат. Кај нас веќе познато е таквото однесување на поединци. Но, тие поединци не само што ги прекршуваат и не ги почитуваат правилата, нанесуваат штета на цели колективи. Во време на светска пандемија, кога светот се соочува со борба против невидливиот непријател Ковид19, oчигледно некои наши колеги заборавија на зборовите:

  • „Свечено изјавувам дека ќе го посветам мојот живот во службата на хуманоста;
  • Ќе им укажувам на моите учители почит и благодарност; Ќе ја извршувам мојата професија со разум и дигнитет;
  • Здравјето на пациентот е моја примарна задача;
  • Ќе ги почитувам тајните што ми се доверени;
  • Со сета моја моќ ќе ја чувам честа и привилигираната традиција на медицинската професија;
  • Моите колеги ќе ми бидат мои браќа;
  • Нема да дозволам религијата, националноста, расата, политиката или социјалниот стандард да влијаат на моите должности спрема пациентот;
  • И под закана, со најголем респект ќе го одржувам човечкиот живот од моментот на зачнувањето; Нема да ги употребам моите медицински знаења спротивно на законите на хуманоста;
  • Овие ветувања ги давам свечено, доброволно и со сета чест“.

Па ниту го посветуваат својот живот во служба на хуманоста, ниту ја извршуваат професијата со разум и дигнитет, ниту ја чуваат честа и привилигираната традиција на медицинската професија и за жал ги употребуваат соите знаења спротивно на законите на хуманоста.

Експлицитен пример за горенаведеното е директорката на Клиниката за кожни болести, докторката Цаца.

Цаца не само што ги прекрши правилата и принципите на медицинската етика, Цаца стана опасност за цел колектив и проблем за луѓето околу неа, загрозувајќи ги и доведувајќи ги во опасност нивното здравје и нивниот живот. Затоа Цаца мора да сноси одговорност за да не ни се случат уште некои Цаци или уште неколку вакви случаи кога здравствените работници се доведени во опасност па се поставува прашањето дали да се заштитуваат од вирусот или да се заштитуваат од потенцијални проблеми околу нив.

Ама за жал опасноста ги демне здравствените работници. Небаре уште еден сличен на Цаца се појави на Клиника за кардиологија. А сигурно има уште некој несовесен и се додека несовесноста не се санкционира е реален проблем и закана.

Почетокот на решавање на било кој проблем, започнува со осветувањето дека проблемот постои. Самосвесноста е една од основните квалитети кои треба да се развиваат кај луѓето, за да може да се случи освестување на слабостите, откривање на причините
Совеста е субјективен водител на човековото морално однесување.
Лекарите во вршењето на својата професија не ретко се во прилика да изведуваат морални заклучоци, односно да се соочат со својата совест.

Свеста е основна психичка функција неопходна за опстанок и развој на моралноста. Свеста е психичка функција и може слободно да се дефинира како исклучива посебност на човекот. Подразбира способност на индивидуата да мисли и чувствува, но и да има сознание во своите мисли и чувства, дека е свесна за нив, дека може нив да ги пренесе на другите или да ги разбере нивните. Мудроста на
практичкиот ум созрева на вистините на живеењето, а етичката мисла бара смисла во живеењето и животот.

Е баш тоа е тоа што им недостига на докторката Цаца и сличните на неа: самосвесност, свест и моралност.

Ако Цаца поседуваше самосвесност и моралност ги следеше препораките од СЗО и советите од човекот кој ја поставил на позиција и и ја дал довербата, но очигледно на докторката Цаца и недостасува и почит кон претпоставените, кон авторитетите. Затоа и и си дозволи нон шалантно да инфицира колеги, пациенти и кој знае уште колку други лица.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.