Иван Бродиќ
Живееме во време кога реалноста, или барем нејзината перцепција, се сели од традиционалните медиуми на социјалните мрежи, каде секој може да креира сопствени содржини.
Глобално, а особено во западниот, технолошки привилегиран свет, на кој сакале да признаеме или не му припаѓаат и Македонија и Хрватска, само по исклучок се случува на некого да му недостасуваат интернет, разни електронски справи или пристап до социјални мрежи. Ова отвара голем простор и за злоупотреби, за што се одговорни авторите. Тие кои пишуваат аргументирани содржини под своето лично име и презиме и јасно препознатлива ознака заслужуваат почит, незвисно од нивниот поглед на светот и нивните политички идеи.
Но, постојат и такви кои на социјалните мрежи се кријат во својот сопствен психолошки и морален комфор зад лажни профили и пласираат лажни вести, лажни содржини, обични навреди и спинови.
Верувам дека не морам многу да им објаснувам на моите македонски читатели за индустријата на лажни вести – уште од времето на изборот на Доналд Трамп во Белата Куќа слушнавме како од Македонија се покренал голем број интернет страници, интернет ботови и тролови. Но не само од Македонија. Познати се бригадите за лажни вести од Русија, Кина или Турицја, кои на овој или оној начин се мешаа во политичките процеси на западните земји.
Тоа го препозна и Европската Унија која формираше посебна институција и донесе директиви за казнува на ширачите на лажни вести, особено индустриите за лажни вести од земјите надвор од ЕУ.
Со што се враќаме на Хрватска и Македонија. Водвете земји постојат цели системи на ботови и тролови кои може да ги изнајмите за да ја насочите јавноста во погрешната насока или да ги вознемирувате своите политички и идеолошки неистомисленици. Јас се соочив со тоа во Хрватска, каде секогаш кога ќе се отвори дискусија за националната енергетска компанија, веднаш се јавуваат разни ботови и тролови скриени зад нивните лажни имиња, најчесто од околината на градот Сисак, чија задача е да ги провоцираат и вознемируваат сите што не размислуваат како нив.
Се соочив со овој феномен и кога напишав колумна за порталот Отворено за штетноста на два од трите договори кои Зоран Заев ги потпиша. Пишував за погубноста на Преспанскиот договор и договорт и Софискиот договор за македонскиот национален идентитет и ја изразив мојата загриженост дека со нив се движиме кон суспендирање на македонската нација. Поради тој тие текстови бев прозван од директорот на македонската филмска агенција Горјан Тозија кој ме нарече криминалец и фашист, но не само мене туку и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и словенечкиот премиер Јанез Јанша.
Случајот доведе до помал дипломатски скандал на кој реагираше хрватскиот министер за надворешни работи Горан Грлиќ Радман, а беше откажана и средба на Никола Димитров со Јанез Јанша. Тозија не беше сменет. Но тоа не е темата на оваа колумна.
А можеби и е, бидејќи добро упатени лица ме уверуваат дека овие тролови и ботови кои ме имаа за цел се до неодамна, кога напишав писмо до неколку амбасади на ЕУ и до претставништвото на Европскта Комисија во кое ги посочив нивните имиња и презимира, се финансирани под образложение дека наводно промовираат некои македонски и хрватски филмови. Односно, моите извори велат дека ваквите активности на социјалните мрежи се финансираат од македонската и хрватската агенција за филм.
Како и да е, некои од овие тролови на твитер ми потврдија дека добро ги наплаќаат своите услуги и дека се добро платени за нивното таргетирање кон мене. Исто така, ако и не се директно платени од парите на хрватските и македонските даночни обврзници, што е особено бизарно бидејќи значи дека јас морам да го финансирам тој што ме малтретира на социјалните мрежи, секако се добро поврзани со власта.
Моите извори во една трета земја, исто така населена со јужни Словени во која се говори еден од јужнословенските јазици, ми велат дека човекот кој е посредник во ангажирањето на овие тролови за малтретирање на неистомислениците на левицата, на нас кои не го поддржуваме Заев или пак го поддржуваме капитализмот е брат на една од судијките за чие именување лобирал гореспомнатиот македонски премиер.
Како што гледаме, влеговме на терен на кој поединци гледаат можност добро да заработат удобно и комфорно скриени зад лажни профили. Не гледам некој поголем проблем во тоа, ако има побарувачка ќе има и понуда. Но, би требало да се каже нешто како заклучок.
Како прво, треба да се воведе контрола или ваучерски систем во трошењето на државните пари, за ние граѓаните да не бидеме принудени со парите што ги плаќаме за данок да ги финансираме лицата кои не малтретираат на социјалните мрежи. Таков апсурд нема ниту кај мафијата. Мафијата ти бара пари да те заштити од самата себе, и барем те остава на раат ако редовно им плаќаш.
Второ, како класичен либерал, јас не сакам претерано регулирање на легитимните дејности, ако тие не се произволни. Оттаму, би требало да соработуваме со сопствениците на социјалните мрежи во насока тие самите да воведат свои правила за ботовите и троловите и барем да ги натераат да напишат кој е тој што ги ангажира за нивните услуги. Тоа е случај со агенциите за односи со јавноста или со адвокатите во земјите членки на ЕУ и во земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ, или пак со берзанските аналитичари во развиените држави.
Не сум оптимист но вреди да се размисли за ова.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.