Постои една легенда, според која во старите времиња, Господ од глина направил 10 Адами. На секој од нив, тој му дал различни дарби. Едниот бил одличен столар, другиот земјоделец, третиот овчар… Не поминало многу време, а тие се собрале и отишле кај дедо Боже со молба:

Се  имаме , ама ни фали нешто. Досадно ни е.

Господ се замислил, им дал тесто и им рекол:

Секој од вас нека си нaправи од тестото жена каква му се допаѓа: ниска, висока, слаба, дебела….Јас ќе им дадам живот. Тие ќе ви бидат поткрепа и утеха. Со нив никогаш нема да ви биде здодевно.

Пред да си заминат, Господ им дал кутија со шеќер и им рекол:

Во кутијата има десет вреќички шеќер, секој нека земе по  една и нека ја даде на својата жена за животот да ви биде сладок.

Така рекол и ги оставил да си го поделат шеќерот. Секој од мажите,  зел по една вреќичка и си отишле кај своите жени.

По некое време, Господ се вратил и многу се налутил.

Meѓу вас има крадец! Во кутијата имаше 11 вреќички шеќер, кој од вас зел две?!

Никој не одговорил, сите молчеле со наведнати глави. Господ тогаш ги зел жените, ги помешал и им ги раздал без ред.

Оттогаш девет од десет мажи, мислат дека туѓата жена е послатка, затоа што изела повеќе  шеќер од нивната.  А  само еден од десет мажи, знае дека сите жени се исти, бидејќи тој самиот си го  изел  шеќерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.