Сетете се кога последен пат толку многу се опуштивте за време на сексот што заборавивте колку сте гласни.
Повеќето двојки, од различни причини, дали поради децата, родителите или комшиите, се трудат да бидат што е можно потивки во нивните сексуални активности, иако би сакале да биде сосема спротивно.
Гласниот секс е одличен за вас и за вашиот партнер, а ова се само неколку причини зошто следниот пат треба да ги оставите инхибициите пред прагот на спалната соба:
Подобра комуникација со партнерот

Ако гласно ги искажувате пред партнерот вашите желби и чувства, тој ќе знае што сакате и дали го прави она што го сакате, а што прави погрешно. Ваквата комуникација дефинитивно ќе го подобри квалитетот на вашиот сексуален живот, но и ќе ја зацврсти вашата врска.

Гласен секс значи опуштен секс

Заборавете на комшиите, на отворениот прозорец, на сѐ. Сексот е здрава и природна работа и нема зошто да се воздржувате од уживање. Кога сте гласни, значи дека сте потполно опуштени, а тоа значи дека и потполно уживате.

Сосема поинаков начин на уживање

Кога целосно ќе се опуштите, тогаш целосно се препуштате на задоволството и партнерот е свесен дека уживате. И колку многу уживате. Воздишките и викањето (секако, кога се искрени и вистински) се најточниот барометар за уживањето. Тоа дополнително ќе го стимулира партнерот, што значи: двојно уживање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.