Сите добро знаеме што е оргазам, но дали знаете што е тригазам? Станува збор за одреден вид задоволство во сексот кој се постигнува со практикување на посебна сексуална техника.
Таа техника вклучува истовремена стимулација на трите главни ерогени зони – клиторисот, Г-точката и анусот, за жената да доживее т.н. ултимативен оргазам, објаснува сексуалната експертка д-р Ава Кадел за „Business Wire“.
Оваа техника се нарекува уште и „Пеперутката на Венера“, а работата со прстите е многу важна со што рацете на мажот треба да бидат и вешти за да се постигне посакуваниот ефект.
Почувствителните подрачја треба да се стимулираат однадвор и одвнатре, а користењето на лубрикант е неопходно. Со подмачкани прсти масирајте го подрачјето околу клиторисот, пред да почнете со показалецот да ја надразнувате Г-точката. За подобар ефект, не заборавајте да го користите јазикот, објаснува Кадел.
Жената за тоа време треба да седи на раб на креветот додека мажот клечи помеѓу нејзините нозе. Многу е важно, наведува експертката, партнерите да си веруваат еден на друг и отворено да си кажат што им одговара во сексот, а што не.
Пред 2003 година, називите за трите главни оргазми не постоеле, па затоа Ава Кадел ги идентификувала трите главни видови женски оргазми и именувала нов вид оргазам – тригазам.
Со практикувањето на оваа техника може да го подобрите сексуалниот живот и да ја задоволите партнерката како никогаш претходно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.