Вежбите за дишење кои се корисни за концентрација и подобра меморија можат да ви помогнат да го подобрите и сексуалниот живот. Потребно е само да дишете заедно со партнерот. Заедничкото дишење може да создаде поголема интимност и блискост. Држењето на воздухот додека се доближувате до оргазам е вообичаен инстинкт, но може да го намали количеството на кислород во телото и да го даде спротивниот резултат.

За да доживеете навистина експлозивен оргазам, направете го следното:

1. Започнете со длабоко вдишување и издишување за да го зголемите дотокот на крв, но и чувството на интимност.

2. Кога ќе почувствувате дека се доближувате до врвот, продолжете со длабокото дишење.

3. Кога оргазмот ќе започне, обидете се да продолжите со длабокото дишење и опуштете се. На почетокот ќе се чувствувате чудно, но не се откажувајте. На овој начин не само што ќе го подобрите оргазмот, туку ќе се чувствувате и поблиско со партнерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.