Научниците имаат добри причини да тврдат дека сексуалната интимност е една од најважните компоненти на човечкиот живот. Иако можеби за тоа не сте свесни, кога ќе престанете да водите љубов, во вашето тело се одвиваат одредени процеси.
1. Нарушен сон
Освен појава на несоница, експертите велат дека оние кои се во период на апстиненција често сонуваат сонови во кои водат љубов.
2. Жените стануваат асоцијални
Кога водите љубов крвта се полни со одредени хемикалии поради што чувствувате цел спектар на позитивни емоции. Со одземањето на овој природен процес, се нарушува внатрешната хемиска рамнотежа во телото. Како резултат на тоа, кај повеќето жени следи депресија, пад на расположението и намалување на самодовербата. По долг период на апстиненција жените стануваат избирливи и тешко се впуштаат во нови врски.
3. Се појавува стрес
Интимноста е еден од природните начини да се ослободите од стрес. Мигрена, несоница, недостаток на апетит и сон се сигнали кои телото ги испраќа кога ни се потребни промени.
4. Пад на имунитетот
Интимноста го подобрува имунитетот, го активира производството на имуноглобулин со што се зголемува способноста на телото да се бори против болести и создава одбранбен систем.
Научна студија има покажано дека имунитетот и сексуалните односи се навистина поврзани.
5. Ментален дисбаланс
Интимноста ги стимулира менталните активности. Оние кои редовно одржуваат интимни односи имаат повеќе енергија, а според некои научници во тој случај и концентрацијата и креативноста се на поголемо ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.