Научниците утврдиле дека динамичниот сексуален живот придонесува за подобрување речиси на сите телесни функции. Физиологијата на телото на жените што имаат редовни сексуални односи се разликува од физиолошките процеси во телата на оние што апстинираат од сексот, при што најизразени се разликите во хормоналниот статус, откриваат експертите.
Сексот исто така влијае и врз расположението, здравјето на срцето и нивото на стрес.
МУСКУЛИТЕ И ДРУГИТЕ ТКИВА – И ТИЕ ИМААТ КОРИСТ!
Како и секоја друга физичка активност, така и сексот ги забрзува пулсот и крвната циркулација. Поголемо количество крв доаѓа во мускулите, ткивата и клетките во целото тело. Се зголемува лубрикацијата на вагината, а срцето чука побрзо и посилно, што му користи на целото тело.
ПОДОЛГО ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ МЛАДО
Редовните сексуални односи ја одржуваат функцијата на репродуктивниот систем, што може да го одложи влегувањето во менопауза, сметаат истражувачите од Лондон.
Анализата на резултатите на студијата што траела десет години, а која опфатила речиси 3.000 жени, покажала помала веројатност (за 28%) за рано влегување во менопауза, во однос на генетичката предиспозиција, кај жените што имале еден однос секоја недела (за разлика од жените што имале помалку фреквентен секс).
Ако немате сексуални односи, тогаш не може да забремените, па телото се навикнува на тоа и може да „одлучи“ да го деактивира репродуктивниот систем.
ГИ ЧУВА МОЗОЧНИТЕ ФУНКЦИИ
Резултатите на истражувањето укажуваат и на можноста за подобрување на когнитивните способности кај жените што имаат секс барем еднаш во неделата. Британските истражувачи анкетирале лица постари од 50 години за сексуалните навики, по што им дале стандардизиран тест, со кој се мерат мозочните функции.
Испитаниците што имале поредовни сексуални односи постигнале подобри резултати во вербалните способности и визуелно-просторното снаоѓање. Истражувачите ги толкуваат овие резултати со зголемено ослободување допамин во текот на сексуалниот однос.
РЕЛАКСАЦИЈАТА ГО ПРЕЗЕМА ВОДСТВОТО…
Сексот го „ресетира“ целото тело. Кога сте изложени на постојан стрес, доминира симпатичкиот нервен систем, кој е одговорен за реакцијата „бори се или бегај“, додека, пак, парасимпатичкиот нервен систем, одговорен за релаксирање, е помалку ефикасен.
Физички активности со висок интензитет може да предизвикаат одговор на симпатичкиот нервен систем и да поттикнат силна реакција на релаксација, што овозможува парасимпатичкиот нервен систем да го преземе водството.
Организмот дејствува како енергичните физички вежби – ја подига активноста на симпатичкиот нервен систем на највисоко, тешко одржливо ниво, по што природно се активираат парасимпатичкиот нервен систем и ефектот на релаксација.
ПОДЛАБОК СОН
Истражување спроведено во Велика Британија покажало дека сексот пред спиење има корисен ефект врз РЕМ-фазата од сонот. Во истражувањето учествувале 1.652 испитаници, кои воделе љубов и потоа носеле монитори за спиење. Истражувањето траело три месеци, а резултатите од него покажале дека кај сите испитаници дошло до подобрување во РЕМ-фазата на спиење дури за 43%.
ПОЈАК ИМУНИТЕТ
Редовниот секс поттикнува создавање антителата наречени имуноглобулин А, или IgA. Тие го штитат организмот од настинки и други инфекции. Ова е потврдено со студија во која учествувале 112 студенти. Оние што воделе љубов почесто имале повисоко ниво на IgA отколку оние студенти што апстинирале или воделе љубов помалку од еднаш неделно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.