Научници од Универзитетот во Торонто, тврдат дека за добар секс не треба да имате однос со некој кого го сметате за сродна душа. Ваквите резултати ги добиле по спроведено истражување во кое учествувале 1900 мажи и жени, а резултатите се објавени во „Списание за личност и социјална психологија“.
Некои испитаници веруваат дека сексуалното задоволство е под влијание на компатибилноста на партнерот, додека други веруваат дека вежбањето на сексуалните вештини и напорот што се вложува при односот се неопходни за уживање. Истражувањето покажало дека припадниците во втората група биле позадоволни од својот сексуален живот.
Според заклучокот од студијата, ваквите резултати не треба да бидат изненадувачки затоа што постои тенденција кај луѓето кога ќе најдат сродна душа, тие да престанат да работат на врската и очекуваат сè да биде идеално. За жал, овие очекувања ретко се исполнуваат, па затоа се незадоволни од сексот, што подоцна може да се рефлектира во врската.
Водачот на студијата Џесика Максвел вели дека луѓето користат настани пред спиење како индикатор за тоа колку добро се одвиваат нивните односи.
Наспроти популарното верување, жените не се склони кон идеалистичко верување за сродни души, но тие, сепак, повеќе од мажите мислат дека сексот бара напор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.