Резултатите од истражувањето за тоа кој има подобар сексуален живот, кое го спроведуваше „BodyLogic MD“, се очекувани: Високите луѓе имаат подобар сексуален живот. А, тоа сигурно има врска со тоа што тие имаат секс почест, пренесува „Вечерњи лист“.

Според  истражувањето, на оваа статистика најмногу влијаат апликациите за запознавање онлајн, затоа што луцата кои на својот профил пишуваат дека се 180 цм или повисоки, имаат значително поголема понуда за пријателство.

Во истражувањето учествувале 1.000 лица, а 58,3 отсто одговориле дека се задоволни со својот сексуален живот.

Исто така, се верува дека високите луѓе имаат поголема самодоверба, што секако е голем фактор во горенаведените резултати. Во ова истражување 64,2 отсто од испитаните високи лица, се изјасниле дека се сметаат за атрактивни.

Според ова истражување идеалната висина за мажите е 183 см, а 170 см за жените.

60 отсто од испитаните пониски лица се изјасниле дека жалат што не се повисоки, а дури 36,2 од жените го посакале тоа за нивниот партнер. Четвртина од мажите би ја зголемиле својата висина доколку хируршски тоа е изводливо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.