Жените тешко ќе признаат дека размислуваат за секс, а поголемиот дел од нив ќе кажат дека тоа воопшто не им паѓа на памет, но многу често таквите нивни одговори се лага.
Ново истражување, што го спровела страницата за запознавање луѓе „Illicit Encounters“, покажало дека на жените таквите мисли во главата им доаѓаат многу почесто отколку што тие признаваат, поточно, во просек 18 пати дневно.
Истражувањето покажало дека жените во просек на секс размислуваат на секоја 51 минута, доколку се пресмета дека дневно спијат по 8 часа.
Истражувањето покажало и дека мажите го оправдале митот за тоа дека постојано мислат на секс, затоа што истражувањето покажало дека тоа го прават на секои 28 минути.
Истото истражување покажало дека 59 отсто од жените редовно фантазираат за сексуален однос со своите поранешни момчиња, додека, пак, таа бројка кај мажите изнесувала 49 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.