Вакцините против коронавирусот влијаат позитивно на менталното здравје, го подобруваат квалитетот на животот, резултатите на работа, а ги подобруваат и интимните односи. Ова се само дел од дополнителните позитивни придобивки од вакцинацијата, објави Универзитетот Јужна Калифорнија како резултат од истражувањето спроведено на околу 8.000 Американци, а финансирано до Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.
Американскиот центар за контрола и превенција на болеста објави декајавните здравствени мерки како физичката дистанца се нужни за сузбивање на пандемијата, но, тие кај луѓето создаваат чувство на изолираност и осаменост и може да предизвикаат стрес и мачнина.
Вакцинацијата може да ги спречи тие штетни последици, вклучително и „недостатокот на интимни контакти“ за кои стручњакот од Сорбона, Луис Кирш и неговите колеги од Лондон велат дека е поврзан со изолираниоста и поголемата осаменост.
Испитувањето што овие научници го во текот на првиот локдаун минатата година, укажува на „важната улога на инетрперсоналното и особено наинтимните контакти во стресни времиња“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.