Д-р Лора Берман е светски позната експертка во областа на сексуалното образование и водителка на популарната телевизија Опра Винфри. Објавила бројни книги за сексуалноста, меѓу кои „Како да разговараме со децата за секс“, „Не зависи од него, туку од тебе“, „Секс полн со љубов“ … Премногу сме запознаени со нејзините „важни три услови за добар секс”, но да бидеме искрени – дали ги применуваме редовно?
Првиот услов – силно и здраво тело
Ова е за мускулите. И нивната сила. Лора посочува дека е многу важно да имате силни карлични мускули кои придонесуваат за општото здравје на репродуктивните органи. Во сексот, овие мускули можат да направат чуда во однос на телесните реакции на стимулацијата на партнерот. Затоа правилото „број 1“ е да ја одржуваат својата сила со помош на Кегелови вежби. Неколку стотици на ден – ова е мерка препорачана од д-р Берман.
Вториот услов – креативен дух
Што е тоа во книгата „Педесет нијанси сиво“ што привлече толку многу внимание кај читателот? Поентата не е дека предизвикува либидо, туку дека ги инспирира жените да пронајдат и да го зајакнат сопствениот „мускул за фантазија“. Една од клучните еротски точки се заснова на целосно предавање, односно фантазија што лесно може да им се допадне на „алфа“ жените.
Дозволете му на вашиот партнер да преземе целосна контрола, закажете состанок за „целосно предавање“ со него и ако воопшто не ви се допаѓа, осмислете заедничка стратегија за зајакнување на вашата фантазија. Креативноста е важна од едноставна причина – најмоќниот сексуален орган е мозокот!
Третиот услов – отворено срце
Колку и да посакуваме длабоки и моќни сексуални искуства со партнерот, се случува секојдневието или нешто што тој зборува и прави да ги затвори нашите срца во еден момент. И таа реакција може да се поправи со вежбање.
Замислете таква ситуација, а потоа замислете како ви се отвора срцето, како цвет. Замислете дека градите се шират и се полнат со светлина. Ова ќе ги започне каналите на љубов, радост и – пред сè, сексуална енергија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.