Веќе знаеме дека Кама сутра е многу повеќе од збирка на сексуални пози. Освен на сексот, древниот текст се фокусира и на односот помеѓу љубовниците, но и на самата љубов.
Иако се работи за совети стари неколку илјади години, поголемите правила за квалитетен сексуален и љубовен однос лесно можат да се применат и денес.
За древниот индиски мислител Ватсјајан кој ја напишал Кама сутра, сексот е дел од природниот баланс на животот, а во продолжение прочитајте ги неговите три правила за максимално сексуално задоволство.
Предиграта е клучен дел за сексот
Според Кама сутра нема добар секс без предигра која мора да биде добро направена. Притоа предиграта не значи да биде само физичка. Предигра е и интимноста, која вклучува и кватилетна комуникација и вербално искажување љубов.
Освен тоа многу е важно на љубовникот на сите можни начини да му кажете дека го сакате и посакувате, а во тоа најголема улога покрај допирите имаат и зборовите.
Во оргазмот жената има предност
Мажот многу полесно и побрзо доживува оргазам, додека пак на жените им е потребна малку поголема стимулација. Жената има предност кога е во климакс, а доколку мажот инсистира на тоа, тоа значи дека ја цени и ја разбира својата партнерка.
Сексот треба да се цени
Според Кама сутра сексот не е само физичко задоволство туку мора да го гледаме и како нешто кое многу значи. Сексот е патот до подобра комуникација, а колку комуникацијата е подобра тоа поврзаноста во врската е многу поголема.
Сексуалниот однос е и доверба, отвореност, грижа за партнерот, како физичко, но и емотивно суштество.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.