Работиме до 16 часот, за да ни ние ни клиентите не го прекршиме полицискиот час. Нема бакнување, а муштериите не се бунат зашто мораат да носат маски, дури на некои тоа им стана фетиш – велат проститутките, пренесува српски Информер.
Работа има преку глава, но нема бакнување и задолжително е носење маска – велат српските продавачки на љубов.
Инфомер преку оглас контактирал неколку проститутки како би утврдиле дали пандемијата на коронавирусот им штети и на нивната работа. На големо изнедување се дознало дека и покрај опасната зараза, вонредната состојба и ограниченото движење, проституцијата во Србија цвета.
Маја(24) од Нови Сад рекла дека ги применува сите заштитни мерки и дека редовно го дезинфицира просторот во кој работи.
Муштериите на почетокот се внимателни, па прашуваат дали кашлам. Меѓутоа кога ќе се соблечам, забораваат на короната – рекла таа.
Се функционира нормално, работам како и порано, но до 16 часот. Се разбира нема бакнување. Ни во регуларните услови тоа не го применував, но сега строго го избегнувам тоа поради вирусот. Исто така користам заштитна маска, а ако сака клиентот може да си донесе своја маска. Кондомите се задолжителни. Што се однесува до мене, здрава сум, а и редовно дезинфицирам се – раскажала Тина.
Нејзината колешка Ивана(20) од Белград се пофалила дека последниве недели има повеќе работа од порано.
Телефонот постојано ми ѕвони и доаѓаат мажи од сите возрасти. Очигледно дека на сите им е потрбено да се ослободат до стресот. На мажите не им се достапни кафеаните, обложувалниците, па добро им доаѓа малку да избегаат до дома. Мене сето тоа ми одговара, бидејќи добро заработувам на нив – рекла Ивана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.