Популарната ѕвезда на „Гранд“ Јелена Костов доживеа вистинска драма кога кон крајот на 2018 година и’ пукнал силиконот во градите. За малку ќе добиела сепса, а лекарите успеале да ја спасат во последен миг. За уште поголема несреќа, на Јелена сето ова и’ се случило по породувањето, а дури два месеца живеела со пукнат силикон во телото, кој, за среќа, не успеал да предизвика голема штета, иако последиците можеле да бидат катастрофални.

Пејачката сакаше отворено да проговори за овој лош период во својот живот и да апелира до сите жени редовно да одат на лекарски прегледи.

Тоа е еден грд период што е сега зад мене, фала му на Бога… За мене тоа искуство беше животна лекција и одлучив редовно да одам на лекарски прегледи бидејќи здравјето мора да ми биде на прво место. Навистина, кога немаме здравје, немаме ништо, изјави Јелена, додавајќи дека по ова искуство веќе ни на крај памет не и’ паѓа да оди на некоја естетска корекција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.