Една од најпознатите манекенки со прекумерна тежина, Ешли Греам, дала детално интервју магазинот „Ел“ во кое сосема искрено проговорела за својот брак, сексот и за тоа зошто одлучила да не спие со сопругот Џастин Ервин додека не се венчаат.
Го запознала сопругот во црква кога имала 21 година и открила дека тогаш ѝ се чинело дека пребрзо „се дава“, па одлучила да почека со него.
„Имам спиено со пола Њујорк, правев буквално сè“, открила Греам.
Вели дека тоа што не избрзале со сексот ја продлабочило нивната врска.
„Ни го продлабочи пријателството и ни ја подобри комуникацијата. Секако дека чувствувавме неверојатна сексуална привлечност, лудо се бакнувавме. Не се плашев дали сексот со него ќе биде добар. Беше посилно од тоа дали му верувам и дали сакам да бидам со него до крајот на животот“, признала таа.
Затоа, пак, воопшто не се штедат во бракот. Таа тврди дека тајната на добриот брак е честиот секс.
„Само имајте секс! Постојано имајте секс, дури и ако ве мрзи. Сфатив дека стануваме безобразни ако немаме секс, но кога сме сексуално активни, тогаш не можеме да се одвоиме еден од друг. За нас доволно е само: ‘Ајде да имаме секс’“, изјавила Ешли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.