На луѓето кои немале среќа да ја пронајдат сродната душа им се нуди нова апликација “refrigerdating”, преку која корисниците разменуваат фотографии од содржината на фрижидерот и пронаоѓаат блискост, барем во храната, ако може да ѝ се верува на теоријата дека љубовта влегува низ стомакот.

Апликацијата е на Самсунг, а авторите објаснуваат дека јујната е едно од најважните места за однос на двајца, па затоа треба да се тргне од неа.

Корисниците треба да ја снимат содржината на фриждерот и да ги разменат снимките со други кандидати, но Самсунг ги предупредува да бидат природни.

Не средувајте го фрижидерот пред снимањето. Ако сакате апликацијата навистина да функционира, мора да ја прикажете фактичката состојба.

Но, како и кај сите апликаџции за спојување, на кандидатите им е тешко да му одолеат на искушението да се покажат во подобро светло, во случајов, фрижидерот.

На оние кои се плашат да ја прикажат тажната слика од сопствениот фрижидер, авторите на апликацијата советуваат да имаат на ум дека спротивностите се привлекуваат. Не само што можеби ќе пронајдете партнер кој ќе ве усреќи, туку и ќе откриете ново царство на вкусови. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.