Кондиломите се многу непријатни поради тешкото лекување и неможноста целосно да се отстранат, како и можноста да преминат во канцер.
Се смета дека личноста која еднаш била заразена со кондиломи, никогаш не може целосно да се ослободи од вирусот, туку по лекувањето само се губи неговата манифестација. Тоа значи дека вирусот и понатаму е присутен, но целуларната имуност не му дозволува да избие во вид на брадавици.
Најчесто се јавува во аногениталната област, кај мажите на препуциумот, френулумот на пенисот, на отворот на уретрата, а кај хомосексуалците на пенисот, анусот и на долниот дел од ректумот (секаде каде што допира половиот орган при пенетрација). Кај жената најчесто се јавува на задниот ѕид на вагината, на големите и малите усни, перинеумот, а поретко во вагината.
Преминот на кондиломите во рак на грлото на матката е најчест кај жените на кои оваа болест им задава најмногу проблеми поради тешката достапност на брадавиците за лечење, инфицираноста на каналот низ кој минува бебето и фактот што кондиломите се безболни, па може да бидат долго време незабележани во длабочината на вагината.
Лекување
Лекувањето на кондиломите е индивидуално. Може да биде исцрпувачко и долготрајно, неретко вклучува хируршка интервенција, а може да биде и кратко и безболно. Ако брадавиците се наоѓаат на површината на половиот орган и ако не се поголеми од зрно грашок, може да се излечат со таканаречена криотерапија, односно „горење“ со течен азот.
Овој метод е безболен и се повторува на секое 3-4 дена, до исчезнувањето на брадавиците кога се прави тест со оцетна киселина за да се проверат останатите микролезии.
Понекогаш, доволно е 2-3 пати да се отиде на терапија со течен азот и сите промени ќе исчезнат, а некогаш лекувањето трае и до една година, па се советува апстиненција од секаков полов контакт за време на лекувањето, бидејќи секое триење на инфицираното место доведува до разгорување на вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.