На доделувањето на наградите на магазинот „ЏиКју“ во Берлин, Шерон Стоун неодамна го рекреирала славното прекрстување на нозете од филмот „Основен инстинкт“ снимен во 1992 година.
Откако ја примила наградата за жена на годината, Шерон седнала на стол на сцената за да одржи говор пред публиката во која бил и нејзиниот 19-годишен син Роан Бронштајн.
Пред неколку години, јас седев на сцената, а режисерот ми рече да ги соблечам гаќичките бидејќи во таа сцена не би требало да ги носам и бидејќи се гледаат. Се согласив. Не знаев дека тој момент ќе ми го промени животот – споделила таа со публиката како пред 27 години настанала познатата сцена.
Интересно е тоа што Шерон не била првиот избор за улогата на заводничка во „Основен инстинкт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.