Истражувања покажуваат дека шансите за секс се многу поголеми во зима, а ниските температури благопријатно влијаат на вашата сексиална активност. Затоа, стискајте палци за студени празници. Еве зошто.

Ви треба некој да ве згрее

Во студените месеци луѓето помалку учествуваат на јавни настани отколку во остатокот од годината, од едноставна причина – им студи. Добредојден е секој извор на топлина: јорган, радијатор, панел, но и жешко тело.

Жените им се попривлечни на мажите зиме

Мажите сметаат дека жените се попривлечни зиме отколку лете. Мажите повеќе ги возбудува голотијата што ѕирка од дебелата облека отколку голото тело прикриено со едвај парче-две облека.

Мажите се повеќе сексуално возбудени зиме

Поради промена на начинот на спиење и временските услови, количината на тестостерон кај мажите е најголема во декември. Тестостеронот ја одредува и желбата за секс, поради што мажите во зима се повеќе возбудени.

Сите се подепресивни

Нашите тела за време на месеците со помалку сонце произведуваат помалку серотонин, односно хормонот за среќа кој го контролира нашето расположение, поради што во зима сме повеќе депресивни. Со самото тоа повеќе сме склони во потрага на некој кој ќе нè направи среќни.

Рекламите возбудуваат

Рекламите со среќни семејства кои се подготвуваат за празниците ги прават зимските месеци потполи. Затоа во зимските месеци луѓето често се одлучуваат за врска и романтика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.