Сексуалните фантазии се уште се табу тема, но нема потреба за тоа.
Барем така кажува социјалниот психолог Џастин Лехмилер, автор на книгата „Кажи ми што сакаш: Науката за сексуалната желба и како може да ти помогне да го подобриш твојот сексуален живот“. Поточно, тој направил истражување во кое биле опфатени повеќе од 4.000 Американци, а покрај прашањата за својата личност, тие исто така морале да одговорат на прашања за нивниот интимен живот, како и за сексуалните фантазии.
Интересно е што дури 97% од испитаниците на ова истражување признале дека имаат бројни сексуални фантазии, а ова се некои од најчестите:
Секс со повеќе лица
Ова е една од фантазиите што повеќето не се осмелуваат да ја кажат гласно. Иако сексот со повеќе луѓе не е честа појава во реалниот живот, има луѓе кои го практикуваат тоа, а оние кои се помалку храбри за тоа само фантазираат.
Чувство на контрола
Без разлика дали си замислувате дека тие го водат главниот збор во креветот или се контролирани од некој друг, сексот поврзан со губење или добивање чувство на контрола е еден од најчестите предмети на похот.
Желба за промена
Нова локација, нова поза или воведување на секс играчки може да предизвика оган кај љубовниците.
Забранет секс
Лицата за кои не треба да фантазирате или местата каде не смеете да водите љубов се само некои од вообичаените фантазии на многу луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.