Пациентите кои прележале коронавирус не треба да водат љубов најмалку еден месец по закрепнувањето од заразата, предупредуваат докторите.
Покрај тоа, самиот однос не треба да биде жесток и не треба да трае подолго од десет минути, бидејќи во спротивно може значително да ја влоши состојбата и да доведе до сериозни срцеви заболувања, па дури и до смрт.
Исто така, лекарите советуваат да се користат помалку напорни пози.
Кардиохирургот проф. Д-р Миљко Ристиќ за Ало.рс објаснува дека ковид-19, во зависност од сериозноста на клиничката слика, остава разни последици во организмот, а една од најзагрозените групи се пациенти со срцеви заболувања и луѓе со висок крвен притисок, така што предвремената активност и возбуда, како и други физички напори може само да ја влоши состојбата на пациентот.
Без оглед на степенот на оштетување на срцето и сериозноста на клиничката слика на короната, пациентот не треба да има сексуални односи најмалку четири недели по инфекцијата. Самиот однос не треба да биде напорен и не треба да трае подолго од 10 минути. Со текот на времето, како што напредува закрепнувањето, враќањето кон сексуалната активност може исто така да го подобри здравјето на пациентот, но тој мора да биде трпелив. Значи, прво закрепнување, па потоа водење љубов – вели Ристиќ.
Коронавирусот во поголема или помала мера ги уништува клетките на срцето, односно срцевиот мускул, што доведува до негово слабеење, а сето тоа предизвикува замор, недостаток на кондиција, слаба подвижност. За да може едно лице целосно да закрепне, мора да поминат од неколку недели до неколку месеци.
Така, враќањето во нормален живот, вклучително и водење љубов, зависи од општата клиничка слика и се мери со недели – објаснува Ристиќ и додава дека враќањето во нормален живот мора да биде под надзор на лекар.
Врз основа на преглед со ултразвук, кој ја покажува силата на срцевиот мускул, лекарот може да процени како пациентот треба да се однесува и од што сè треба да се откаже заради своето здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.