Сексот не е само забава и игра, науката вели дека има неверојатна корсти за здравјето. Освен што помага во ублажувањето на стресот, го олеснува спиењето, го намалува крвниот притисок, го подига имунитетот и, секако, ја зајакнува врската со партнеерот.
Истражувањата сега наведуваат дека секс од барем еднаш неделно може да го продолжи животот, пишува Ридерс дајџест.
Истражувачи од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско ги следеле сексуалните животи на групи од 129 мајки кои биле во врска. Учесничките давале неделни извештаи колку се задоволни од врската и за тоа колку често имаат сексуални односи. Им била земена и крв за анализа и било анализирано стареењето на крвните клетки за показатели за стареењето.
Кога ги споредиле резултатите од анализите со извештаите, истраѓувачите дошле до интересен податок. Мајките кои барем еднаш во текот на неделата имале сексуални односи имале значително подолги теломери – заштитна капа на ДНК, која го одредува животниот век на клетките.
Теломерите се витални за здраво стареење
Теломерите со текот на времето се разградуваат како резултато на лоша исхрана, алкохол и од природниот процес на стареење. Но, истражувачите сугерираат дека редовен секс може да ги поправи и да ги продолжи теломерите, односно да им овозможи на клетките подолг живот.
Кратките теломери исто така истражувачите ги поврзиваат и со сериозни здравствени проблеми како рак, болести на срцето и дијабетес.
Со оглед на тоа што студијата е кратка, резултатите треба да бидат допрва потврдени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.