Бројот на туристи кои имаат секс на најпопуларната нудистичка плажа на Ибица почна да им штети на заштитените песочни дини, наведува друштвото за заштита на животната околина.

Белиот песок на плажата Es Cavallet е толку убав што не чуди што милиони туристи годишно ја посетуваат плажата, вклучувајќи ги и оние кои разменуваат страсти.

Меѓутоа, сега од друштвото за заштита на животната средина наведуваат дека сексот е главен виновник за ерозијата на познатите, но “деликатни“ дини, кои се дел од Националниот парк „Sea Salines”.

Геолозите и биолозите изјавуваат дека претераната сексуална активност предизвикала штета која не може да се надомести, како и оти целата зона станала позната како место на кое штом зајде сонцето се почнува со сексуални активности. Исто така, бројот на парови кои се кријат зад дините за да водат љубов ги уништила и осетливите видови на билки.

Инаку, Es Cavallet на интернет се промовира како “идеално место да прошетате голи и да најдете љубовник меѓу дините“.

Кампањата против сексот на оваа плажа е актуелна со години, но се чини дека туристите ги игнорираат апелите, па надлежните размислуваат за воведување казни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.