Гледањето филмови за возрасни може да биде штетно и опасно за човековото здравје, сметаат стручните лица. Од друга страна пак, некои стручњаци сметаат дека порното може да биде и полезно ако се користи во рамки на образованието.
Според нив, порнофилмовите создаваат нереална претстава за сексот.
Како пример наведуваат дека во нив често се прикажува жесток однос на мажите кон жените, а љубителите на овој жанр можат да развијат и зависност кон овие филмови.
Сексот е здрав, но порното – не е!, категорично вели сексологот Мајкл Флуд, додавајќи дека многу од тие филмови ја претставуваат агресијата како нешто нормално во општењето меѓу луѓето.
Според здравствениот стручњак Меган Лим, порното може да биде штетно, и ако луѓето не располагаат со друг извор на информации за сексот. Многумина гледаат такви филмови уште пред личниот сексуален живот и за нив, виденото им станува битен дел од сексуалниот развој, а потоа и пракса во реалниот живот.
Според Мередит Темпл-Смит, гледањето порно може да доведе до зголемување на незадоволството и фрустрациите околу сопствениот изглед и тело кај некои луѓе. Според неа, порнографијата може да влијае лошо како на оние што гледаат, така и на оние коишто учествуваат во снимањето на сцените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.