Доколку сакате во 2020 година да внесете нова енергија на сексуално поле, австралискиот сексолог Ники Голдстеин има неколку совети за вас, со помош на кои ќе ги надминете препреките и лесно ќе може да имате одличен сексуален живот.
Повеќе интимни допири
Стануваме хиперсексуално општество во кое допирот доаѓа на второ место. Повеќе допири водат кон поголема интимност и им помагаат на жените полесно да се возбудат. Затоа во новата година обидете се повеќе да се бакнувате и да внесете повеќе спонтани допири.
Заборавете на порно-филмовите
Иако порно-филмовите секогаш изгледаат како забавна опција, истражувањата покажуваат дека гледањето на премногу содржини за возрасни го намалува задоволството за време на вистински секс.
Затоа едно од златните правила за одличен секс во 2020 е помалку порно – повеќе вистински секс.
Експериментирајте
Не плашете се да експериментирате со задоволството и да испробувате нови нешта. Истражувајте нови нешта затоа што уживате во нив, а не затоа што се табу кое што сакате да го испробате.
Лубриканти како помошно средство
Користете повеќе лубрикант. Луѓето често мислат дека им треба лубрикант само ако не се возбудени, но во суштина сите би требало да го користиме. Болниот секс е еден начин преку кој нашето тело ни укажува дека не ужива. Понекогаш болката е предизвикана од недоволно подмачкување, што пак може да се реши со употреба на лубрикант.
Емоционално поврзување
Една од најочигледните причини поради кои немате задоволувачки секс со личноста со која што сте во врска е недостатокот од емоционална поврзаност.
Дали има некое проблематично прашање надвор од креветот? Ако една двојка сè почесто го избегнува сексот, тогаш во позадина се крие некој емотивен проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.