Истражувачки тим од Универзитетот Лудвиг Максимилијанс во Минхен спроведе студија за тоа како годишните времиња влијаат врз човековото либидо. Според welt.de, најдобриот секс паѓа на есен.

Научниците утврдија дека покрај тоа што заладува и поминуваме повеќе време дома, постојат и други причини зошто имаме подобар секс во текот на есента отколку во која било друга сезона.

Имено, нашите тела се прилагодуваат на годишните времиња, што може да се препознае првенствено со производство на хормони: нивото на машки тестостерон ја достигнува својата највисока вредност наесен, а производството на естроген е исто така највисоко во женското тело во овој момент. Тоа доведува до зголемување на желбата за секс.

Постои уште една причина што може да се земе предвид кога станува збор за водење љубов за време на есента. Всушност, децата зачнати во тој период се раѓаат во лето. Благодарение на големата количина на витамин Д, тие имаат совршени предуслови за цврсти коски и добар имунолошки систем. Значи, есента е идеално време за водење љубов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.