Просечно возрасно лице има секс 54 пати годишно (еднаш неделно), се вели во една студија. Ако вашиот личен просек е малку поголем, сигурно сте се запрашале: колку секс е премногу? И, дали премногу секс има некакви последици?

Дефиницијата за премногу чест секс е променлива, и сè додека не боли и носи задоволство, секоја количина сексуален однос е во ред, велат експертите.

Сепак, помага да се знае дали нашето тело ни дава сигнали дека е време да се одмориме.

Премногу секс: Кои се ризиците?

Главните физички знаци на премногу чест секс се прекумерно отекување на вагината и лабиите. Исто така, болката е јасен показател дека имате премногу секс. Имено, пречестиот сексуален однос доведува до сувост на вагината, што предизвикува непријатност и болка. Во овие случаи, експертите ве советуваат да одморите.

Пречестиот секс може да предизвика инфекции на вагината и мочниот меур, а може да се појават и повреди на гениталиите. Кога станува збор за мажите, и тие можат да ги почувствуваат последиците од премногу честиот сексуален однос. Во случај да има болка и оток на самите гениталии, како и потешкотии при мокрење, време е да се одморите од сексот.

Во некои случаи, премногу сексуален однос може да предизвика и услови во кои е потребна медицинска помош. Ако забележите премногу лачење, крварење, рани на гениталиите, болка при мокрење или болка во самата вагина, време е да посетите лекар.

На крајот, експертите советуваат дека сè додека користите соодветни лубриканти и правите паузи помеѓу сексуалниот однос, нема да имате никакви несакани ефекти од премногу секс. Општо, советот е да го слушате вашето тело



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.