Не дозволувајте да ве понесе страста, почекајте барем до петтата средба пред да започнете сексуални односи со новиот партнер, кажуваат новите истражувања.

Резултатите од едно неодамнешно истражување покажале дека на жената и е потребно најмалку четири средби со новото момче, за да проучи дали тој маж е добар за врска.

Истражувањето опфатило две илјади жени, а резултетите откриле дека пред одењето во кревет со новиот маж, жената очекува најмалку 12 разменети СМС пораки, пет подолги телефонски разговори и барем еден букет цвеќе.

Пред првиот секс би требало да изгледаат три филма заедно, да разменат седум страсни бакнежи и да изедат четири заеднички оброци, па дури после се ова жената ќе успее да открие дали има знаци кои покажуваат дека е нестрплив, кога станува збор за сексот.

Доколку мажот за време на заедничките излегувања гледа по други жени, врската веднаш ќе го доживее својот крај, се заклучува во истото истражување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.