Според едно истражување, со кое се проучувало сексуалното однесување, мажите и жените се подеднакво подложни кон изневерување, но и кај едните и кај другите постојат такви кои се подложни на изневерување и такви кои сами по себе се верни.
Професорот Робин Данбар од Универзитетот Оксфорд и професорот Џон Менинг од Универзитетот Нортумбриа овојпат го проучувале сексуалното однесување на партнерите.
Тие откриваат дека полот не е воопшто важен кога се работи за изневерување и дека постојат два типа на луѓе на тој план: оние кои се подложни на краткотрајни и несериозни врски и оние кои сакаат стабилни и долги врски.
Во истражувањето учествувале 575 Американци и Британци кои го изнеле своето мислење за необврзниот секс.
Некои од нив биле промискуитетни, додека други биле повеќе за моногамија, но расколот помеѓу половите не се почувствувал.
Студијата проучувала и фотокопии од десната дланка на 1.314 Британци при што биле мерени должината на показалецот и домалиот прст.
Колку што бил покус показалецот во однос на домалиот прст, било повисоко нивото на тестостерон кај личноста, па и нивната подложност кон промискуитет била поизразена. Ова подеднакво важи и за мажите и за жените. Оние пак чии прсти биле речиси со идентична должина, биле поподложни кон трајни врски.
Иако ова се покажало како навистина одлична метода, човечкото однесување сепак зависи од многу фактори, па со самото тоа и нивниот поглед кон долгите и сериозни врски, вели професорот Данбар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.