Tриесетгодишната Милица за српските медиуми oтворено и без влакна на јазикот ја раскажа својата авантура со еден мигрант, за кого вели дека ѝ го пружил најдобриот секс во животот. Тој дошол во нејзината земја со бранот мигранти и, според Милица, многу е подобар од Србите со кои до сега имала односи.
Милица се запознала со Афроамериканец додека била на студии. За себе вели дека е една од првите девојки во Србија кои спиеле со темномурен маж и не се срами од тоа. Тогаш поради тоа сите ја нарекувале „чикита негра”, а расистите ја избегнувале и неа од друштво.
Според неа, сега истите негодуваат и за азилантите, мигрантите и бегалците кои дојдоа на Балканот. И додека сите ги одбегнуваат или не прават ништо за да им помогнат, Милица без влакна на јазикот открива дека спиела со еден од нив.
Го запознав во ресторанот каде што работам. Се наоѓа во близина на автобуска станица. Тука секојдневно има многу гужва, доаѓаат многу луѓе, но секој си ја плаќа сметката, па дури и остава бакшиш. Не се сите сиромашни и бедни како што се верува, има и богати и образовани, вели таа за српскиот „Телеграф“.
Тахир кој инаку е мигрант, секојдневно доаѓал во ресторанот каде работи таа. Постојано ја гледал, па ѝ паднал во око.
На почетокот забележав дека ме гледа, но немав симпатии кон него. И порано имав момче црнец и ми беше одлично. Тој е тука веќе еден месец. Поради мене не си замина за неколку дена како сите, додава таа и вели дека луѓето погрешно разбираат и имаат предрасуди. Ги гледаат како шугави, како болни, како да не се луѓе. Тие се само помалку среќни и поразлични од нас. Тој е културен, фин со манири. Луѓето зборуваат а не знаат ништо, вели таа.
Според неа, се додека е среќна и се чувствува одлично не и е грижа што ќе кажат другите луѓе.
Ма да ви кажам, какви Срби. Со него го имам најдобриот секс. Подобар е од нашите, низ смеа вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.